Кампањата „Недела за безбедност на сообраќајот во мојата општина“ која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР, ОСБСП, Единиците на локалната самоуправа и останатите надлежни институции на локално ниво продолжува и во наредниот период.
„Го сакам градот безбеден“ е мотото под кое во наредните седум дена ( од 2 до 9 Септември) во Битола ќе се организираат повеќе сообраќајно превентивни активности со цел побезбеден град и побезбеден сообраќај.Во рамките на акцијата „Го сакам градот безбеден“ во наредните седум дена во Битола ќе се реализираат голем број на сообраќајно едукативни активности наменети за сите групи учесници во сообраќајот и тоа: организација на едукативни предавања за децата од основните училишта, организација на алкопатроли и други јавни настани во повеќе угостителски објекти со цел едукација на младите за неуправување на моторно возило под дејство на алкохол, организација на активности за едукација на возачите за некористење на мобилни телефони при управување со моторно возило. Ќе бидат реализирани и активности за едукација на возачите за правилно паркирање и за последиците од неправилното паркирање. Покрај тоа, ќе биде организирана и акција за подобрување на сообраќајната инфрструктура пред основните училишта и детските градинки, ќе се организира стручна советување на кое ќе учествуваат сите надлежни субјекти на локално ниво на тема: „Како до побезбеден сообраќај во Битола“ и многу други активности. Покрај големиот број јавни, сообраќајно едукативни активности и настани кои ќе бидат реализирани во наредните седум дена во Битола, акцијата „ Го сакам градот безбеден“ ќе биде поддржана од повеќе јавни линости со цел афирмација на кампањата и афирмација на нејзините цели и информираност, едукација и подигање на свеста кај граѓаните за потребата од одговорно учество во сообраќајот за побезбеден сообраќај на подрачјето на општина Битола и пошироко.
Повеќе јавни површини, билборди и други јавни места во Битола ќе бидат брендирани со пораки за одговорно учество во сообраќајот. Исто така, во рамкита на акцијата „Го сакам градот безбеден“ во Битола, ќе бидат поделени голем број на креативни сообраќајно едукативни материјали ( маици, флаери, налепници, освежувачи за во автомобил, мапа за велопатеки, и др.) Кампањата ќе биде поддржана и преку електронските и социјалчните медиуми на РСБСП, ОСБСП, општина Битоа и останатите партнери и поддржувачи.
РСБСП ги повикува сите општествени чинители, сите учесници во сообраќајот, сите граѓани на Битола да ја поддржат акцијата „ Го сакам градот безбеден“. Само Вие можете да ја направите Битола побезбеден град за движење, побезбеден и поубав град за живеење. Почитувајте ги сообраќајни правила и прописи, почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, бидете одговорен, културен и толерантен учесник во сообраќајот. Директно или индиректно бидете дел од акцијата „ Го сакам градот безбеден“ за побезбеден сообраќај и помалку настрадани лица на улиците и патиштата во Битола и пошироко.
Го сакам животот! Го сакам градот безбеден! Учествувам одговорно во сообраќајот! Недела за безбедност на сообраќајот во Битола!