Одличен 5 ако внимаваш на децата во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Одличен 5 ако внимаваш на децата во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Одличен 5 ако внимаваш на децата во сообраќајот!
    31 август 2018

    Како што петката е цел на секој добар и успешен ученик, така подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот и подобрување на сообраќајното поведениe на учесниците во сообраќајот, е цел на новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата која ќе се реализира во наредниот период.  Безбедноста на децата во сообраќајот е сериозен предизвик на сите современи општества и врвен приориотет во работата на РСБСП. Во таа насока, традиционално, со почетокот на секоја учебна година, Советот реализира сообраќајно-превентивни активности за помалку настрадани деца во сообраќајот. Потребата да се реализираат кампањи за поголема безбедност на децата во сообраќајот, произлегува од фактот дека само во 2015 година, 9 деца на возраст до 4 години, го загубија животот во сообраќајни незгоди и 13 деца на возраст од 5 до 18 години. Во 2016 година, исто така, 5 деца на возраст до 14 години и 9 деца на возраст од 15 до 19 години, го загубија животот во сообраќајни незгоди. Слична е состојбата и во 2017 година, кога 4 деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години, го загубија животот во сообраќајни незгоди.

    Тоа значи дека за период од само 3 до 4 години, Република Македонија губи цел еден клас деца, што е ненадоместлива загуба за семејствата и за општеството во целина.

    Одличен 5 ако дополнително внимаваш на децата во сообраќајот, ако си добар пример за твоето дете, ако внимаваш на пешаците, ако возиш со намалена брзина… Ова се дел од пораките кои ќе бидат испратени во рамки на кампањата.

    Создавање систем на општествени вредности во кој сообраќајната култура, етиката, однесувањето и навиките во сообраќајот ќе заземаат значајно и високо место е најефикасен начин за долгорочно и трајно подобрување на безбедноста во сообраќајот. Токму затоа, РСБСП секоја година реализира повеќе кампањи за едукација на децата и за подигање на јавната свест за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Кампањите се средство преку кое целиме кон тоа да ги информираме и да ги едуцираме децата за основните правила и прописи во сообраќајот, да ги запознаеме со секојдневните предизвици во сообраќајот, односно да ги оспособиме да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот и последиците од неодговорно учество во сообраќајот. Покрај децата, цел на РСБСП е едукација и на возрасните, односно подобрување на нивното поведение во сообраќајот кога е во прашање безбедноста на децата во сообраќајот – потенцираат од РСБСП.

    Во рамки на кампањата за поголема безбедност на децата во сообраќајот ќе бидат реализирани голем број сообраќајно-едукативни активности и настани: организација на едукативни предавања и јавни сообраќајно-едукативни настани во училиштата и градинките, изработка и дистрибуција на сообраќајно-едукативни материјали со креативна содржина, едукација преку јавните и социјалните медиуми итн. Во соработка со Триглав Осигурување, ќе бидат обезбедени флуоресцентни елеци за поголема видливост на децата – учениците во сообраќајот.

    Мотото и пораката на РСБСП во оваа кампање е: „Секоја грешка и секое незнаење имаат своја цена, но незнаењето и грешките во сообраќајот, чинат загубени човечки животи. Крајно време е, сите ние како заедница и секој поединечно, да го преземеме својот дел од одговорноста и да го дадеме својот придонес за поголема безбедност на децата во сообраќајот.“

    Дали и ти како учесник во сообраќајот ќе добиеш петка од дечињата?! – одговорноста е твоја!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Помала брзина за помалку жртви на патиштата
    Следна Објава:
    РСБСП продолжува со сообраќајно превентивни активности на локално ниво: „ Го сакам градот безбеден “ – оваа недела во Битола
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS