РСБСП продолжува со активности за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП продолжува со активности за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП продолжува со активности за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
    21 ноември 2019

    Превентивната акција „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!“ која по повод Светскиот ден на Сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  денес продолжи со реализација на превентивно-едукативни активности во Битола.

    Имено, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Секторот за превенција при СВР Битола и Здружението на моторциклисти „Ѓорги Стефановски“, денес  во Битола организира повеќе јавни настани со цел подигање на свеста за последиците од сообраќајните незгоди и едукација на учесниците во сообраќајот за потребата од целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.

    Во таа насока, покрај превентивната  акција за дистрибуција на сообраќајно-едукативни материјали, беше организирано и едукативно предавање за учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола на кое учениците беа едуцирани за ризиците и опасностите кои ги демнат младите возачи во сообраќајот.

    Покрај тоа, во помен и сеќавање на лицата кои ги загубија животите во сообраќајни незгоди, а со цел да се сврти вниманието на учесниците во сообраќајот и симболично да  се укаже дека човечкиот живот може многу лесно да се загуби доколу не се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола пуштија црни балони на улица „ Димитар Илиевски-Мурато“.

    На денешниот настан сакаме да испратиме порака  во која укажуваме на потребата дека  сите учесници во сообраќајот треба заеднички да водат грижа за сопствената безбедност во сообраќајот, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ако го издигнеме  етичкиот кодекс во сообраќајот на повисоко ниво, значително ќе ги намалиме ризиците и заканите во сообраќајот. Во таа насока, посебно важна е улогата и однесувањето на младите кои се стекнуваат со право за управување на моторно возило бидејки, според статистиката, сообраќајните незгоди претставуваат водечка причина за смртност на младата популација.  – истакна Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска.

    Годишно, на светско ниво, 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, од кои  400.000 се млади лица на возраст до 25 години, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Ваквата состојба потврдува дека безбедноста во сообраќајот е сериозен предизвик не само во Северна Македонија туку и на светско ниво.

    Со цел да се издигне на повисоко ниво свеста за последиците од сообраќајните незгоди и со цел намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди, РСБСП и во наредниот период ќе продолжи со интензивни сообраќајно-едукативни активности насочени кон сите групи на учесници во сообраќајот и кон сите ризик фактори кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

    https://mega.nz/#!HawDyIrK!17Lmmse3lqpQIg4Sc6Fs6Kb8JVw_OQ0GjdY8vrlhNa4 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Едукација на младите за последиците од сообраќајните незгоди по повод – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
    Следна Објава:
    Светски ден на жртвите од сообраќајни незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS