Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка, дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни, трауматски, трагични настани. Затоа РСБСП со апел: ВРЕМЕ Е! РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината! Стоп за возачите кои возат пијани! Стоп за не користењето на безбедносните појаси! Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига! Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените велосипедски патеки! По повод -Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, претставници од РСБСП одржаа едукативно предавање во СОЗШУ “Ѓорче Петров”- Кавадарци.