РСБСП – ПРЕДАДЕ ОПРЕМА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП – ПРЕДАДЕ ОПРЕМА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП –  ПРЕДАДЕ ОПРЕМА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА
    12 јануари 2023

    Денеска (12.01.2023)  во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска му беше предадена опрема од мотоцикли за сообраќајната полиција.

    Претседателката на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска, истакна дека соработката помеѓу РСБСП и МВР е заедничка цел и законска обврска.

    „Искуството од минатите години покажа дека РСБСП и МВР се пример за позитивна и успешна меѓуинституционална соработка и поддршка која ќе продолжи и понатаму. Унапредувањето на работата на сообраќајната полиција и подобрувањето на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај. Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли од стана на сообраќајната полиција”, истакна претседателката Кожуваровска.

    „Овој денешен настан претставува уште една можност ние како Министерство за внатрешни работи, заедно со нашите партнери од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата да ја демонстрираме нашата докажана и плодна повеќегодишна соработка со единствена цел – подобрување на безбедноста во сообраќајот. Покрај многуте претходни примери на партнерство, денеска го официјализираме и ова примопредавање на опрема, вредна над 7,3 милиони денари, која се состои од 12 мотоцикли ‘пиаџо беверли’, целосно опремени за потребите на сообраќајната полиција, што нашите пријатели од РСБСП денеска ни ја врачуваат на користење”, рече министерот Спасовски, притоа додавајќи дека таквото заедништво претставува еден крајно позитивен и важен пример за тоа како меѓуинституционалната соработка може и треба да се реализира и развива, во конкретниот случај во интерес на сите чинители и учесници во сообраќајот.

     

     

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Среќни божиќни празници
    Следна Објава:
    СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА СНЕГ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS