РСБСП: Неколку факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Неколку факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    РСБСП: Неколку  факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем
    22 септември 2020

    Според податоците на релевантни меѓународни организации, на светско ниво, 2% од загинатите лица во сообраќајни незгоди се велосипедисти,  а најчести смртоносни повреди кај велосипедистите се повредите на глава. Кај нас во просек годишно десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. 

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велосипедист кога учествува во сообраќај треба да носи заштитен шлем односно кацига, но законот не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига. Една од причините зошто законот не предвидува задолжително користење на заштитна кацига е фактот што голем број на велосипедисти, а исто така и Европската велосипедска федерација сметаат дека доколку користењето на заштитна кацига е задолжително и доколку не користењето на заштитна кацига се санкционира, тогаш значително ќе се намали бројот на лица кои користат велосипед како сообраќајно превозно средство и на тој начин ќе се изгубат сите придобивки кои ги носи користењето на велосипедот како превозно средство.

    Согласно наведеното, дали ќе користи кацига или не, одлуката ја носи самиот велосипедист.  РСБСП со информации и практични совети зошто е добро велосипедистите да носат соодветна опрема, пред се заштитна кацига и како правилно истата да ја користат:

    Заштита од повреда на главата

    –   Според меѓународни истражувања, при сообраќајна незгода со велосипед од  22%  до 47%  од велосипедистите се здобиваат со повреди на главата.

    –   75% од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди се поради здобиени повреди на глава.

    Заштита од надворешни временски влијанија

    Заштитната кацига ја штити главата од директна изложеност на сонце и во случај на дожд не дозволува дождот да се слева кон очите, со што се подобрува видливоста кај велосипедистот.

    Видливост

    Една од причините поради коишто страдаат велосипедистите во сообраќајот е тоа што возачите не ги забележуваат навремено велосипедистите. Со носењето на заштитна кацига со светла боја и рефлектирачка површина видливоста на велосипедистот е многу поголема.

    Правилна  употреба

    За да овозможи адекватна заштита кацигата треба да биде користена на правилен начин. Најважни  правила за соодветна употреба на кацигата се:

    –  Да се користи соодветна димензија (големина) на кацигата.  Кацигата не смее да стега, ниту премногу да биде лабава за да овозможи максимална заштита.

    –  Позиционирањето на кацигата во предниот дел треба да биде два прста над очите, кацигата несмее да биде прениско поставена за да не го намалува видното поле на велосипедистот.

    –  Кацигата секогаш мора да биде цврсто врзана за долната вилица, бидејќи при незгода ако не е врзана може да падне од главата и да ја изгуби функцијата.

    • Поразителна статистика

    На светско ниво застрашувачки  97% од  загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди  не носеле заштитна кацига.

    • Користете сертифицирана кацига

    Користењето на сертифицирана кацига за велосипедисти, наспроти не сертифицирана го намалува ризикот од  повреда на главата за 7 пати.

    РСБСП со апел: Биди одговорен велосипедист, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот и редовно користи заштитен шлем!

    #ВОЗИВЕЛОСИПЕД!      #НОСИКАЦИГА!       #ЕВРОПСКАНЕДЕЛАНАМОБИЛНОСТ2020!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Правила и прописи во сообраќајот кои треба да ги знаат велосипедистите
    Следна Објава:
    Кампања: „Безбедно возење со трактор“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS