Правила и прописи во сообраќајот кои треба да ги знаат велосипедистите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Правила и прописи во сообраќајот кои треба да ги знаат велосипедистите

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Правила и прописи во сообраќајот кои треба да ги знаат велосипедистите
    19 септември 2020

    Европската недела на мобилност се реализира секоја година во периодот од 16 до 22 Септември и има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност, со посебен акцен на промоција на велосипедизмот како одржлива форма на мобилност.  Зголемување на употребата на велосипедот во сообраќајот во основа значи и потреба за унапредување на  безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.  Токму затоа, РСБСП со потсетување на најважните законски прописи кои треба да ги знаат и да ги почитуваат велосипедистите секогаш кога учествуваат во сообраќајот:

                • Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десет години.

                • Во зона на смирен сообраќај,  велосипед може да управува лице помало од  десет години  само ако е во придружба на лице постаро од 16 години.

               • Возачот на велосипед може да превезува други лица само ако на велосипедот постојат   посебни седишта.      

               •  Деца помали  од 14 години не смеат на велосипед да превезуваат други лица.

               • По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат  велосипеди.

               • Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

               • На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден                  катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

               • Возачот на велосипед е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не смее да ги симнува рацете од управувачот, и не смее да се                придржува за друго возило.

               • Возач на велосипед, за времето додека управува со велосипедот  не смее да води животни.

                • На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди  во двете насоки, велосипедистите  се движат по десната страна во правецот на движењето.

                • Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.

                • 25 km/h е ограничена брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или       лента.

               • Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента.

               • Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група  должни се да се движат еден позади  друг.

    РСБСП со апел: „Секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. Биди одговорен велосипедист, редовно  почитувај ги сообраќајните правила и прописи! Од тебе зависи! “  

    # ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД!    # БИДИОДГОВОРЕНВЕЛОСИПЕДИСТ!

      #ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ2020!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Едукативни активности за подршка на велосипедизмот во Охрид и Гевгелија.Европска недела на мобилност 2020. Вози велосипед!
    Следна Објава:
    РСБСП: Неколку факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS