Кампања: „Безбедно возење со трактор“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања: „Безбедно возење со трактор“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Кампања: „Безбедно возење со трактор“
    25 септември 2020

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР, општина Кавадарци  и ОСБСП Кавадарци ја започна  кампањата „Безбедно возење  со трактор!“  Голем број на граѓани во Република Северна Македонија се занимаваат со земјоделие и согласно тоа голем број на возачи учествуваат во сообраќајот со трактори, мотокултиватори и други мобилни  машини. Целта на кампањата е едукација и подигање на свеста кај возачите на трактори и други мобилни машини со цел нивно одговорно учество во сообраќајот,  во прв ред едукација за потребата за управување на технички исправно возило.

     За жал, состојбата на терен покажува дека голем број од возачите на трактори учествуваат во сообраќајот во ноќни услови и во услови на намалена видливост,  а притоа нивното возило или приколката не се соодветно осветлени па многу често се случува токму тоа да биде причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со загинати и тешко повредени лица. Водејќи се од таквата состојба, во рамките на оваа кампања,  РСБСП заедно со МВР и другите партнери  ќе реализираат  голем број на превентивни активности во насока на подигање на свеста  за потребата од  поголемо односно  соодветно осветлување на тракторите, приколките и другите мобилни машини кога учествуваат во сообраќајот.  Кампањата, покрај директна едукација, предупредување од страна на сообраќајната полиција, ќе опфати и дистрибуција на ротациони  светла, флуоросцентни траки за означување на возилото, налепници и други слични материјали со цел практично да можат да бидат презентирани придобивките од соодветно одбележување и осветлување на тракторите и мобилните машини.

    Кампањата започна во Кавадарци, а ќе се реализира и во другите општини каде што има поголем број на земјоделци кои управуваат трактори, мотокултиватори и други мобилни машини.

    “Свесни сме за проблемите со кои се соочуваат земјоделците, свесни сме за макотрпноста на земјоделската работа, но тоа не значи дека возачите на трактори може да учествуваат во сообраќајот неосветлени и со неисправно возило бидејки на тој начин го загрозуваат пред се сопствениот живот и сопственото здравје.

    Важно е возачите на трактори и други мобилни машини да сватат дека управувањето на технички исправно возило е основен начин да го заштитат најпрвин сопствениот живот, животот на своите најблиски, а понатаму и животот на останатите учесници во сообраќајот.

    Затоа апелирам до возачите на трактори, молтокултиватори и други мобилни машини, и покрај сите проблеми, во прв ред мислете на вашата безбедност, на вашиот живот, на вашето здравје, возете технички исправни возила, со исправни сопирачки и соодветно осветлени“ – изјави Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска по повод почетокот на кампањата „ Безбедно возење со трактор“.

    Во прилог на кампањата,  од РСБСП истакнуваат дека секоја година по неколку возачи на трактор и  патници на трактор или приколка го губат животот  во сообраќајни незгоди.  Во првите  6 месеци, во 2020 година,  1 возач на трактор го загубил животот  во сообраќајна незгода а 12 се повредени.

     Во летните месеци, според неофицијалните податоци на РСБСП, најмалку уште двајца возачи на трактор го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

    Од РСБСП исто така потенцираат дека не се во прашање само возачите на трактори, тука се и патниците, т.е лицата кои се превезуваат на трактор или приколка а и останатите учесници во сообраќајот кои страдаат во сообраќајни незгоди во кои едно од возилата учесници во незгодата е трактор или приколка. 

    Така што може да се заклучи дека  не е мал бројот на лица кои страдаат во сообраќајни незгоди во кои учествуваат трактори, мотокултиватори и други мобилни машини.

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Неколку факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем
    Следна Објава:
    Правила и прописи за безбедно возење со трактор
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS