РСБСП: Корисни совети за безбеден сообраќај во зима – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Корисни совети за безбеден сообраќај во зима

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП:   Корисни совети за безбеден сообраќај во зима
    27 февруари 2018

    Со оглед на фактот дека денес и во текот на наредниот период  во Република Македонија ќе владеат зимските услови на патиштата, РСБСП со потсетување  на неколку правила поврзани со подготовката на автомобилот, мерките на претпазливост и возењето во зимски услови.

    1. Општи мерки и препораки  за возење во зима и  подготовка на возилото

    • Доколку не морате  да патувате  со автомобилот, користењето на алтернативен превоз (такси, автобус) во лоши временски услови е секогаш подобро решение.
    • Задолжително користете соодветна зимска опрема.
    • Задолжително проверете ја техничката исправност на возилото и бидете сигурни дека возилото е во исправна состојба.
    • Не го загревајте  возилото во затворен простор, како на пример гаража.
    • Не го оставајте возилото  со недоволно гориво во зима. При евентуалното заглавување во снежно невреме, горивото ќе ви биде клучен ресурс.
    • Проверете  го нивото на антифриз, обезбедете  соодветна течност за стакла за зимски услови и проверете дали бришачите се во исправна состојба.
    • Добро запознајте  се со временската прогноза и со рутата ако патувате на подолг пат.
    • Известете ги блиските за дестинацијата, времето на поаѓање и планираното време на пристигнување во случај да патувате на подолг пат и во изолирани и планински места.

    2. Совети за возење на снег

    • Прилагодете ја брзината на условите на патот.
    • На снег и мраз, за секој маневар е потребно подолго време, затоа потребно е да се предвиди  повеќе простор за кочење, вртење, вклучување, претекнување.
    • Растојанието до возилото пред  вас  треба да е  поголемо од вообичаено.
    • Забрзувањето и кочењето мора да биде мошне внимателно и успорено.
    • За забавување на возилото најдобро е да се користи моторно кочење и да се избегнува притискање на сопирачката колку што е можно. Доколку користете сопирачки, правете  го тоа мошне полека, никако нагло или со силен притисок.
    • Лесното додавање гас е најдобриот начин да се избегне излизгување и превртување на тркалата.
    • Не додавајте  гас на нагорнини и места со натрупан снег, кал или мраз.
    • Не застанувајте  на нагорнина, бидејќи поаѓањето од место на замрзата нагорнина е многу  тешко.
    •  На надолнините возете мошне споро, во ниска брзина и со моторно кочење.

    3. Работи кои може да ви користат и е добро да ги имате со себе

    • Полнач за мобилен телефон за во кола
    • Електрична ламба на батерии
    • Кабли за стартување  на возилото
    • Кабли за влечење
    • Лопата за снег
    • Дополнителна топла облека или ќебиња и храна (за на подолг пат).

    4. Совети доколку останете  заглавени во снежно невреме

    • Aко заглавите во снежно невреме останете во возилото. Во секој случај, тоа е најчесто најдоброто засолниште што ќе го имате , а така и полесно ќе ве најдат спасувачките екипи.
    • Ако автомобилот работи, осигурајте  се издувните цевки  да не бидат  прекриени со снег, мраз или кал. Блокираните издувни цевки може да предизвикаат навлегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .
    • Заврзете  парче облека или платно со јака боја околу антената на колата или заглавете го со прозорот.
    •  Во темница, можете да ја оставите упалена сијаличката која е на кровот од автомобилот, бидејќи не троши многу од акумулаторот. Оваа   ќе помогне полесно да бидете  лоцирани.
    • Вклучувајте  го моторот само онолку колку што е потребно да се ублажи неподносливиот студ.

    5. Паркирање

    • Не ги оставајте бришачите во активна позиција, бидејќи може лесно да се залепат на ветробранското стакло  и да се оштетат.
    • Исправете  ги  тркалата  и под нив ставете  цврст материјал, за да може полесно да тргнете со возилото
    • Не паркирајте на нагорнина или надолнина доколку е возможно.

    РСБСП со апел: Придржувајте се на  горенаведените совети за ваша безбедност  и за избегнување на сите непријатни ситуации во кои може да се најдете во зимски услови на патиштата

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Важни совети како да го управувате возилото по снежни и замрзнати коловози
    Следна Објава:
    Меѓународна младинска обука на тема: „Младите и безбедноста во сообраќајот”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025

    Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран

    РСБСП и МВР со кампања за безбедно учество во сообраќајот со е-тротинети

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025
    • РСБСП со 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, продолжува одличната меѓуинституционална соработка со МВР
    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Кавадарци како дел од „Тиквешки гроздобер 2025“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS