РСБСП и производителите на алкохол со заедничка соработка до поголема безбедност во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и производителите на алкохол со заедничка соработка до поголема безбедност во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    16 март 2016

    Кога станува збор за безбедност во сообраќајот на патиштата, мораме да истакнеме дека тоа е општествена одговорност, во која сите ние, треба да дадеме свој придонес.

    Токму затоа, РСБСП водеќи се од својата политика на отворени врати, пробува да ги инволвира сите општествени чинители во постигнувањето на оваа општествена цел, односно поголема безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Македонија, а со тоа и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

    По средбата со импортерите на моторни возила, денес РСБСП одржа средба со производителите на алкохол во Република Македонија.

    На средбата се разговараше за формите и начините преку кои ќе се реализира понатамошната соработка и преку кои ќе се истакне потребата од одговорното конзумирање алкохол при управување со моторно возило.

    Засилување на меѓусебната соработка, зголемување на корпорациската одговорност во подигнување на сообраќајната култура, како и засилување на интеркорпоративните активности на вработените со цел побезбедно учество во сообраќајот, беа само дел од предложените мерки преку кои ќе се работи на подигнување на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот. Компаниите кои ќе ги имплементираат овие мерки, понатаму, треба да бидат позитивен пример, како за сите останати компании, така и за останатите учесници во сообраќајот.

    На состанокот беа споменати и позитивните светски искуства, со цел да се пронајдат креативни начини за спроведување на овие цели.

    Во текот на наредниот период, РСБСП и производителите на алкохол, ќе ја интензивираат меѓусебната соработка и преку заеднички активности и кампањи ќе се потрудат да придонесат за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, предизвикани од возење во алкохолизирана состојба.  

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Алкопатролата на РСБСП повторно на терен
    Следна Објава:
    Алкохолот и брзото возење – причина за смрт кај младите – Трибина на РСБСП во Струмица
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS