Алкохолот и брзото возење – причина за смрт кај младите – Трибина на РСБСП во Струмица – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Алкохолот и брзото возење – причина за смрт кај младите – Трибина на РСБСП во Струмица

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    23 март 2016

    РСБСП вчеравечер во Домот на Културата во Струмица, еден од најголемите градови во Македонија, ја одржа петтата по ред трибина насловена „Вози одговорно–животот е во твои раце“. На наше огрмно задоволство, салата беше преполна со млада, но и со повозрасна публика која со задоволство ги проследи интересните предавања на нашите предавачи. Во соработка со АМСМ и г-ѓа Росана Јанков, трибината беше збогатена со еден интересен поучен момент кој особено им го привлече вниманието на помладите, а тоа беше симулација на управување со моторно возило под дејство на алкохол или дрога, со помош на таканаречените „пијани очила“.

          Својата животна приказна и овој пат ја раскажа г-дин Хакија. Тој брзото возење и неприлагодената брзина на патот ги платил со цена остатокот од својот живот да го помине во инвалидска количка. Покрај неговиот инвалидитет тој постојано ја поддржува работата на РСБСП и преку сопствен пример сака да допре до сите млади луѓе да ги почитуваат сообраќајните правила. „Јас не стигнав до целта каде што тргнав, јас стигнав до инвалидска количка“-вака г-дин Хакија го заврши својот дел од излагањето, по кој настана потполна тишина во салата.

         Од страна на ескпертите, прва збор зема д-р Татјана Баевска Вучкович која зборуваше за здравствените ризици и последици од брзото возење и возењето под дејство на алкохол. Таа го објасни начинот на кој функционира системот за пружање прва помош на службите за Итната медицинска помош или Црвениот крст. 1152 повредени лица во сообраќајни незгоди е бројот на лица кај кои ИМП интервенирала во 2015 година, на територија на Скопје. Интервенциите на ИМП ги наведе по приоритети, односно по бои црвен, жолт, зелен и најстрашниот-црн, но сепак, побара од публиката сите да се потрудиме да не дојде до нив.

         Втор говорник за вечерта беше портпаролот на АМСМ, г-ѓа Росана Јанков. Таа преку својата презентација, а под мотото на Декадата на ОН 2011-2020 за безбеден сообраќај „Веруваме, зборуваме, менуваме“ , преку слики и видео презентации сликовито, многу јасно и реално ги долови моментите и ситуациите под кои настануваат сообраќајните незгоди и последиците од нив, не само за поединецот, туку и за неговото семејство и пошироката околина. Последиците кои ги сносиме целиот живот, поради возење под дејство на алкохол, прикажаните видеа и нејзиното раскажување, ги разбранија и најдлабоките емоции на публиката и имаа голем ефект на неа. За симулација на движење и возење по дејство на алкохол и дрога, ги искористи своите „пијани очила“ и публиката имаше можност директно да осети колку се ограничени нашите способносни кога сме пијани.

          Последен, но не и помалку важен, збор зема г-дин Љубчо Ставрески, кој долго време работи во полицијата и има големо искуство со сообраќајот. Тој ги потсети младите дека дури и најквалитетните и најскапите автомобили не можат да нè заштитат доколку дојде до сообраќајна незгода во која возилото го управуваме со120 км/м или со уште пголема брзина. Еден од најважните статистички податоци кој ги истана, е дека во сообраќајни незгоди, во светски рамки, најмногу гинат лица на возраст од 18 до 29 години, што навистина е загрижувачки податок.

            “Безбедноста во сообраќајот е прво одговороност на сите нас како поединци,” посочуваат од РСБСП и токму во таа насока РСБСП ќе продолжи и понатаму да ги организира овие сообраќајно-едукативни трибини, низ сите градови во Република Македонија, со цел да се допре до што поголем број  млади лица и со нивна поддршка да се зголеми културата во сообраќајот, а со тоа и безбедноста на патиштата во државата.  

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП и производителите на алкохол со заедничка соработка до поголема безбедност во сообраќајот
    Следна Објава:
    Користењето на безбедносни појаси спасува животи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS