Користењето на безбедносни појаси спасува животи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Користењето на безбедносни појаси спасува животи

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    24 март 2016

     

    https://www.youtube.com/watch?v=JDDNi-fWKTY

     

    Од почетокот на 2016 година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, стана полноправен член на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот (ETSC), што значеше и отпочнување на нова ера во соработката на меѓународно ниво.

           Една од главните цели за зачленување во ETSC беше размена на информации со европските земји во однос на безбедност на сообраќајот на патиштата, компарација со нашата состојба, спроведување заеднички мерки и активности за подобрување на безбедноста на патиштата, и секако, намалување на бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа и намалување на бројот на жртви и сериозно повредени лица.

           Видеото кое може да се погледне е наменето за користење безбедносен појас во возилата, на ниво на ЕУ и е една од заедничките активности кои ги реализираме, а според статистичките податоци, стапката на некористење безбедносен појас на предните седишта е 10%, а на задните седишта 25%. ЕУ ова го смета за „сериозен проблем“, но во споредба со Република Македонија, за жал, стапката на некористење на безбедносни појаси кај нас е многу поголема, а со тоа и ризикот учесниците во сообраќајот да бидат тешко повредени, или пак, сообраќајните незгоди да бидат со смртни последици е навистина голем.

           Во таа насока, во изминативе неколку години, технологијата наречена Intelligent seat bell reminders (Паметни потсетници за безбедносни појаси) сè повеќе се вградува во производството на новите автомобили и сè повеќе е дел од задолжителната стандардна опрема на истите. Оваа технологија ги поттикнува возачите и совозачите задолжително да ги користат своите безбедносни појаси, која во спротивно, доколку не ги користат, постојано сигнализира преку светлосен и звучен сигнал, а во одредени понапредни верзии, не дозволува движење на возилото со поголема брзина.

         Се надеваме видеото ќе ве поттикне во иднина повеќе да го користите безбедносниот појас, како на предните, така и на задните седишта. Само за потсетување, согласно новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 23), некористење безбедносен појас е казниво, и тоа 40 евра во денарска противвредност за возачот и 50 евра во денарска противвредност за совозачот/ите.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Алкохолот и брзото возење – причина за смрт кај младите – Трибина на РСБСП во Струмица
    Следна Објава:
    Побезбедни пешаци и велосипедисти – предавање на РСБСП во ОУ “ Димитар Македонски”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS