РСБСП и МВР се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и МВР се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност во сообраќајот

    1. Насловна
    2. РСБСП
    22 јули 2024

    Денеска (22.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.
    На средбата беше констатирана одличната соработка меѓу двете институции, базирана на примарната цел – подобрување на безбедноста во сообраќајот.

    Министерот Тошковски рече дека МВР и РСБСП се позитивен пример на две институции чиј партнерски однос креира позитивни резултати како зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.

    Ги разгледувавме можностите во кои РСБСП според закон е обврзан значителен дел од неговиот буџет да го даде во поддршка на зголемување на капацитетите на МВР за унапредување на безбедноста на сообраќајот и сите негови учесници.

    Ги прецизиравме и планираните кампањи кои во континуитет РСПБСП ги изведува во соработка со министерството, посебно со одделите за превенција, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен телефон при возење и други.

    Во моментов актуелна е заедничката кампања „Вози одморен“ која посебно во лето ги едуцира возачите кои тргнуваат на одмор или минуваат низ нашата држава дека возењето на долги дестинации мора да биде придружено со неопходен одмор од 10-15 минути на секои три часа, со цел безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

    За оваа кампања РСБСП има соработка и со српската Агенција за безбедност во сообраќајот и се планирани конкретни активности во кои се вклучува и министерството. – истакна министерот Тошковски.

    " Безбедност, ВозиОдговорно, МВР, меморандум, Панче Тошковски, РСБСП, Средба, Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    Претходна Објава:
    РСБСП- Носи кацига
    Следна Објава:
    Потпишан меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Црвениот Крст
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS