РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    19 септември 2025

    Во рамки на Европската недела на мобилност, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), покрај останатите активности, учествуваше на Меѓународната конференција за одржлива мобилност. На конференцијата, РСБСП имаше свое излагање преку презентација на тема: „Добри сообраќајни практики на урбаната мобилност во Македонија и Европската Унија“.
    Во својата презентација, Советот се осврна на досегашните активности и кампањи насочени кон унапредување на урбаната мобилност и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Притоа, посебен акцент беше ставен на кампањите Безбедно со велосипед #ЗавртиНаСигурно“, чија цел е подигнување на свеста за безбедноста на велосипедистите, како и „#БезбедноНаТротинет“, насочена кон едукација и одговорно однесување на возачите на електрични тротинети.

    Дополнително, РСБСП информираше дека негови членови активно учествуваат во работната група за измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и во координативното тело за изготвување на новата Национална стратегија за безбедност на сообраќајот и Националната стратегија за одржливост на патиштата.

    Во рамките на дискусијата, беше потенцирано значењето на совесното и безбедно управување со електрични тротинети и велосипеди – со задолжително носење заштитна опрема, почитување на пропишаната брзина и користење исклучиво на обележани велосипедски патеки, а не на коловозни ленти.

    Со своето активно учество на конференцијата, РСБСП уште еднаш ја потврди својата посветеност кон промовирање на одржлива и безбедна урбана мобилност, во согласност со европските практики и насоки.

    " безбедно на велосипед, Безбедно на тротинет, Добринпрактики на урбаната мобилност, Европска недела на мобилност, Конференција, Македонија, РСБСП, Скопје
    Претходна Објава:
    Инклузија во сообраќајот- секое дете е важно
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“

    РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025

    Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“
    • Инклузија во сообраќајот- секое дете е важно
    • РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS