На 30.03.2022 година во Бања Лука се оствари работна средба на претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска и секретарот Владо Лазаров со в.д.заменик директорот Милија Радовиќ и високиот стручен соработник Милка Дубровац, на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска.
На состанокот беа разменети искуства и дискутирани условите кои водат кон подобрување на безбедноста на сообраќајот во двете земји. Сите присутни констатираа дека потребата од вакви средби секогаш е добредојдена и продуктивна за двете институции.