На 24.03.2022година, беше реализирана работна средба на Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска. Целта на средбата беше прецизирање на престојните заеднички активности во основните и средните училишта, кои ќе ги организираат МОН, МВР и РСБСП. Планирани се едукативни јавни настапи во склоп на кампањите ,,Матуранти – млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот” и ,,Правила за малите пешаци”. Истите ќе се реализираат во месеците март, април и мај и ќе опфатат предавања, презентација на едукативни филмови, делење на едукативни материјали од областа на безбедноста на младите возачи.