Европскиот шампион Игор Стефановски Иџе вчера во Сити Мол го претстави тимот ЛЕМА и новото возило Сеат Леон. Македонската јавност имаше прилика да се запознае со комплетната професионалната структура и логистика на една ЕТЦЦ екипа.
РСБСП со свој промотивен материјал се вклучи во настанот и уште еднаш ги повика сите заинтересирани млади возачи да се приклучат на кампањата: Млад возач, безбеден возач, во која токму Иџе ќе ги обучува младите лица за нивно безбедно управување со моторно возило.
Доколку сакате да бидете дел од оваа обука пријавете се на следниот линк:
https://www.facebook.com/rsbspmk/app/1767248703496896/