Правила и совети за мотоциклисти – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Правила и совети за мотоциклисти

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Правила и совети за мотоциклисти
    20 јуни 2016

    Изминативе неколку години, значително е зголемен бројот на моторни возила. Забележлива е нивна зголемена фрекфенција, особено во градските средини, а со тоа зголемен е и сообраќајниот метеж, па многупати справувањето со метежот и управувањето моторно возило претставува вистинска уметност. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, овој пат, фокусот го става на мотоциклистите, независно од големината и кубикажата на мотоциклот со кој управуваат. Како и за другите учесници во сообраќајот, така и за нив, важат правила, кои доколку ги почитуваат, веројатноста да настрадаат во сообраќајна незгода се сведува на минимум.

    Основните правила за секој мотоциклист се следниве:

    • Носете заштитен шлем (кацига)
    • Внимавајте на брзината
    • Користете ги трепкачите
    • Одржувајте растојание
    • Користете ги двете сопирачки
    • Избегнувајте „мртви агли“
    • Носете рефлектирачки елек и заштитна опрема

    Кога се движите меѓу две или повеќе возила, во колона или пак, треба да застанете на семафор, следете ги овие правила:

    • Правилно е да заземете свое место во лентата, зад возилото кое е пред вас
    • Доколку сакате да го поминете, движете се по левата страна, со тоа што ќе внимавате да не ги прегазите линиите и да преминете на спротивната лента
    • Држете растојание со возилото пред вас (доколку стои или треба да застане), дајте му знак со трепкач на возилото зад вас и избегнете да ве стават во „сендвич“, или да ве „сплескаат“
    • Привлечете дополнително внимание со кратко притискање и отпуштање на кочницата, односно со трепкање на стоп светлото

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, секој возач на мотоцикл треба да се придржува до следниве правила:

    • Движењето во група треба да биде еден позади друг
    • Возачот и лицата кои се превезуваат со мотоцикл,  задолжително   носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот
    • За вклучување на јавен пат или на друга сообраќајна површина, кога мотоциклистот се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или предмет или ако видливоста му е намалена возачот на мотоцикл тоа треба да го направи со туркање, а не со возење
    • Возачот на мотоцикл не смее со мотоциклот со кој управува да преминува преку пешачки премини и пешачки патеки, а со тоа и да ја загрозува безбедноста на пешаците
    • Возачот на мотоцикл не смее да биде под дејство на алкохол или да превезува лице кое е под дејство на алкохол
    • Возачот на мотоцикл не смее да превезува дете помало од 12 години
    • Возачот на мотоцикл не смее да пренесува предмети пошироки од еден метар
    • Возачот на мотоцикл е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот
    • Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот на мотоцикл  кој  управува со мотоцикл без заштитен шлем ,  и кога  лицата кои се превезуваат не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот

     Во член 301, став 2, 3, 4, и 5 од Законот, се наведени категориите по кои се поделени мотоциклите, според намената и работната зафатнина на моторот. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Вози право, вози здраво
    Следна Објава:
    Како треба да „се носи“ секој мотоциклист
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS