Поспан возач станува полусвесен и неспособен за да избегне излетување од патот или судир со друго возило – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Поспан возач станува полусвесен и неспособен за да избегне излетување од патот или судир со друго возило

    1. Насловна
    2. РСБСП
    14 јули 2016

    Возењето е напорно – тоа заморува, како и било која друга работа. Не замара толку физички (мускули), но значително повеќе заморува заради психичките напрегања на возачот,  бара постојано и зголемено внимание за откривање опсности, концентација и внимателност за точно и брзо реагирање. Возењето под замор е опасно и ризично возење!

    Постојат различни причини зошто на патиштата се случуваат сообраќајни незгоди: брзо возење, возење под дејство на  алкохол, непрописно престигнување и многу други. Заморот, како причина за сообраќајни незгоди  во  Република Македонија е многу потценет, но исто така важно е да се истакне дека практично е многу тешко да се утврди точниот број на сообраќајни незгоди кои се случиле во сообраќајот на патиштата  само затоа што возачите се премногу уморни или заспале зад воланот.

    Од истражувања направени од релевантни меѓународни организации, познато е дека голем број на сообраќајни незгоди се случуваат како резултат на замор,  деконцетрација,  дефокусираност   или поспаност кај возачот. Таквите незгоди  често завршуваат со фатални последици. Уморен, односно поспан возачот станува полусвесен и неспособен да управува со возилото, бавно ги перцепира случувањата во сообраќајот и неспособен е да направи било што за да се избегне излетување од патот,  судир со друго возило,  неспособен е навремено да го запре возилото  или било што друго за да избегне сообраќајната незгода или да се минимизираат последиците од истата.

    Што е замор и како се манифестира

    Природата на заморот е сложена и слабо разбрана. Заморот настанува како резултат на ефектот на голем број на психолошки и физиолошки (органски) фактори. Освен физиолошкото трошење на енергијата, умор односно поспаност предизвикува и монотонијата  на патот, незаинтересираност во возењето, а особено ако станува збор за долго возење на автопат. Без оглед на првичниот ентузијазам, желбата за возење или патување, односно, задоволството кое што го овозможува возењето, првите форми на заморот се јавуваат после два часа поминати зад воланот, најчесто и најсилно е  изразен помеѓу вториот и седмиот час возење или откако се поминати 200 до 500 километри, во зависност од тоа на каков пат се вози.

    Заморот  се манифестира многу слично кај сите возачи. Во почетокот се манифестира во желбата за спиење, се јавува боцкање во очите, чувство на топлина и укочување на вратот, рамената и рацете, слаба циркулација, трнење на нозете,  појава на болка во долниот дел на грбот, а  очните капаци се поклопуваат. Сето ова може да доведе до полу-свесна состојба и намалување на способност за расудување. Најлошо е што предизвикува  возачот да заспие зад воланот, а тогаш последиците се катастрофални.

    Како да се влијае на намалување и елиминација на замор

    Најефикасен лек против заморот е одморот. За намалување на заморот (поспаноста) пред се корисен ефект има пријатната атмосфера во возилото, разговор со сопатниците, слушање на соодветна музика и разни промени кои се случуваат за време на возењето  (менување на животната средина, вегетација, ограничување на брзината, режими на возење и слично).

    Секогаш проверувајте ја вентилацијата на возилото за да добиете свеж воздух. Прилагодите ја вентилацијата за да се создаде поволна микроклима во возилото. Не претерувајте со прекумерно ладење или греење на просторот во возилото. Особено внимавајте на постепена аклиматизација односо постепено усогласување на температурите во и надвор од возилото и при влез во  возилото и при излез од возилото.

    Многу е важно да се одмара во соодветни интервали, да се прават почести и кратки паузи, да се освежите и размрдате доколку сте возач. Кога  се прави пауза за време на возење, пешачењето и вежбите се покорисни отколку седењето. Добро е и да седнете, но во друга положба од таа што сте седеле во автомобилот. За време на паузите препорачливо е да се земат помали оброци лесно-сварлива храна (млечни производи, овошје, зеленчук) и освежителни пијалоци (сокови, чај).

    Ако станете свесни за заморот (поспаност)  без разлика дали сте на отворен пат,  надвор од населено место,  или во населено место, застанете веднаш, не форсирајте. Запрете го возењето. Исклучете се на соодветно место до патот и одморете се во автомобилот ако немате сопатник кој ќе ве замени за време на возењето. Најсоодветен  начин за надминување на заморот  е спиењето.

     Не форсирајте “уште само неколку километри до …” – тоа може да биде фаталено!

    За да се избегнат сите несакани последици до кои може да доведе заморот особено е важно соодветно да се испланира патувањето, да се патува одморен, наспан  и да се избегнува патување во делови од денот кога дневните температури се највисоки.

    Бидете внимателни и одговорни возачи. РСБСП ви посакува безбедно патување.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    “Добредојдовте во Република Македонија” – кампања на РСБСП и АЦВП
    Следна Објава:
    Нов паркинг за велосипеди – СЦ Борис Трајковски
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS