По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, во Делчево се одржа свеченост во организација на Министерството за внатрешни работи. Министерот Оливер Спасовски додели плакети, признанија и благодарници на поединци и институции, заслужни за реализација на целите од заеднички интерес. Плакета беше врачена и на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за заедничката соработка на највисоко професионално ниво, посветеноста, професионализмот, зајакнатите акции и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во изминатиот период.