Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!
    25 декември 2018

    Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вели дека возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта, изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-„нула“. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра во денарска противвредност, односно до 60 негативни бода во возачката книшка, од максимум 100 и забрана за управување возило до 12 месеци.

    Законот е прецизен и јасен. Некои сметаат дека казните се високи и нереални. Други дека треба да бидат уште повисоки. Анкетното истражување на РСБСП, покажува дека 85% од возачите, барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол. Реалноста е сурова и загрижувачка: секојдневно, голем број сообраќајни незгоди се предизвикани од пијани возачи.

    Зошто е тоа така? Затоа што возачите не ја сфаќаат сериозноста на проблемот и постојано бараат изговори како да го оправдат своето неразумно и непромислено однесување во сообраќајот и со тоа да ја помираат својата совест.

    Управувањето со моторно возило под дејство на алкохол, е чин кој нема никаква смисла и логика за оправдување. Да се вози под дејство на алкохол, не само што значи непочитување на Законот, туку и непочитување на основните хумани и цивилизациски вредности. Да возиш пијан, значи дека не го почитуваш сопствениот живот, дека не го почитуваш животот и здравјето на твоите најблиски, дека не го почитуваш човечкиот живот, без разлика за кој човек станува збор.

    Судејќи според последиците, можеме да кажеме дека, возењето пијан е исто како да насочиш оружје кон недолжен случаен минувач.  

    Речиси и да нема возач кој не е свесен за штетното влијание на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило. Сепак, истражувањата на РСБСП покажуваат дека дури 85% од возачите во Република Македонија, барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол. 

    Се поставува прашањето: Зошто е тоа така, кога скоро сите возачи се свесни за страшните последици од возењето во пијана состојба? Еден од најверојатните одговори е бидејќи никој не верува дека токму него може да му се случи сообраќајна незгода и дека токму тој може да биде потенцијална жртва. 

    Па така, во обид да се помират самите со себе и делумно да ја помират својата совест, неодговорните возачи често пати наоѓаат изговори. Еден вели: „Сум возел и друг пат малку пијан, па ништо не ми се случи.“ Друг вели: „Мене алкохолот не ми влијае, можам да возам и пијан.“ Трет вели: „Од две-три пијачки не си пијан, можеш да возиш без никој да те примети.“  Четврт вели: „Еднаш ако возиш пијан, не значи дека веднаш ќе направиш сообраќајна незгода.“ Некој шести, пак: „Патувам на кратко растојание, не е страшно ако се напијам неколку пијачки.“… и така по ред, до недоглед.

    Има и такви кои единствено од што се плашат – е сообраќајната полиција. Нив казната повеќе ги боли, а нивните изговори звучат вака: „Нема полиција, нема да ме казнат.“, „Имам луѓе, ќе ми ја ׳скинат׳ казната.“, „Ќе возам по споредни улици, таму нема полиција.“, „И да ме казнат, нема да платам, не сум вработен, немаат можност да ми наплатат.“, „И да ме казнат, татко ми ќе плати, тоа за него не се големи пари.“

    Вакви изговори, такви изговори и на крај 85% од возачите барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол.

    Изговорите велат едно, фактите и статистиката велат дека алкохолот сериозно ги нарушува возачките способности. Резултат на нарушената психомоторна способност кај возачите, се големиот број загинати и повредени лица на патиштата во Македонија. Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа кога најмалку очекувате. Ниеден настрадан во сообраќајна незгода, не ни сонувал дека баш него може да му се случи тоа.

    Истражувањата покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри. Впрочем, сигурно дека никој под дејство на алкохол, нема да тргне на пат од 1000 километри.

    Изговорите „велат“ едно, статистиката покажува друго. РСБСП со став: Само една грешка, само еднаш, ама последиците се за секогаш, тие не прават разлика. Тие се фатални, трајни ненадоместливи, без можност за поправка, без можност за оправдување. Затоа, без изговори и без оправдувања. Пијан зад воланот, апсолутно никогаш!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија
    Следна Објава:
    „Без изговори!“ Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    РСБСП со активности на терен за одбележување на Денот на виното и љубовта

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!
    • РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS