Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    28 април 2025

    Во периодот од 23 до 26 април 2025 година, во Врњачка Бања, Република Србија се одржа јубилејна 20–та меѓународна конференција на тема: „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“. Конференцијата беше организирана од страна на Сообраќаен факултет – Белград и на истата присуствуваа голем број на професори и други истакнати стручни лица од областа на безбедноста во сообраќајот. Покрај тоа, на конференцијата учествуваа и претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска, претсавници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и други.

    На конференцијата свое воведно обраќање имаше претседателот на РСБСП м-р Горан Ангеловски кој ги поздрави организаторите и сите учесници на 20-та меѓународна конференција при што ги потенцираше искуствата од досегашните конференции како и искуствата од досегашната соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и Сообраќајниот факултет Белград, притоа ги истакна потребите за поголема соработка помеѓу сите надлежни субјекти во земјите од регионот, со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви на патиштата.

    Целта на конференцијата беше унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку реализација на политики и мерки на централно и локално ниво.
    На конференцијата активно со свој научен труд учествуваа претседателот и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
    Во рамките на конференцијата беа реализирани голем број на стручни предавања, презентации, рабортни средби во работни групи, панел дискусии за унапредување на безбедноста на сообраќајот, итн.

    Сите реализирани активности имаа за цел размена на искуство, знаење и добра пракса за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    " Активности, БезбедноВозење, Безбедност, Горан Ангеловски, меморандум, РСБСП, Совети, Србија
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
    Следна Објава:
    РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS