“Пешаците и нивната безбедност во сообраќајот” – Тркалезна маса на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    “Пешаците и нивната безбедност во сообраќајот” – Тркалезна маса на РСБСП

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Пешаци
    16 ноември 2016

    Во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“ во  организација на РСБСП, во хотелот Континентал се одржа тркалезна маса на тема „Пешаците и нивната безбедност во сообраќајот“ . Одржувањето на овој значаен настан за РСБСП има цел да се сврти вниманието на сите надлежни институции и организации и на пошироката општествена јавност кон пешаците и нивната безбедност во сообраќајот и да се поттикне активна имплементација на мерки за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, но и да се влијае и на свеста и совесноста на пешаците како учесници во сообраќајот.

    Анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  покажуваат дека најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците се брзото возење во населени места, алкохолизираните возачи и пешаци, несоодветната сообраќајна инфраструктура, несоодветната видливост на пешаците во сообраќајот и учеството во сообраќајот со одвлечено внимание, како од возачите така и од пешаците.                     .                 

    На тркалезната маса присуствуваше и се обрати Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, д-р Оливер Андонов кој истакна дека, за жал, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во Македонија е голем и во првите девет месеци годинава изнесува 122 загинати лица , од кои 25 (една четвртина) се пешаци и потенцира дека ваквите застрашувачки бројки се еден од мотивите за организирање на тркалезната маса.

    „Репресивните мерки не секогаш придонесуваат кон резултати и потребно е да се превземат многу активности кон сите категории граѓани за намалување на последиците. Сепак, безбедноста во сообраќајот е лична одговорност на секој од нас како поединци“ – рече Андонов. Тој посочи дека Македонија со новиот Закон за безбедност на сообраќајот создаде услови за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат пешаците, особено со намалувањето на брзината на движење во населени места од 60 на 50 километри на час.

    Претседателот на РСБСП, м-р Стојче Стаменковски  истакна дека пешаците се најголема и најранлива категорија на учесници во сообраќајот и  дека секоја година на патиштата во светот 270 илјади пешаци ги губат животите во сообраќајни незгоди, што претставува околу 22 проценти од вкупниот број загинати лица на патиштата. Решенијата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот треба да произлезат од една сериозна анализа на сообраќајните незгоди во кои страдат пешаците,  односно преку  анализа на условите, околностите, времето и динамиката на сообраќајните незгоди во кои страдаат пешаците како и преку анализа на главните  причини и  фактори од кои зависи безбедноста на пешаците во сообраќајот –  истакна Стаменковски,  потенцирајки дека очекува од тркалезната маса да извлечеме заклучоци и препораки за тоа кои мерки ќе бидат  имплементирани во наредниот период и како да ги  зајакнеме националните и локалните капацитети за спроведување на мерките за поголема  безбедност на пешаците во Република Македонија.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    “Последен поздрав до оној кој не стави појас” – Кампања на РСБСП
    Следна Објава:
    Едукативен автобус – ООУ„Григор Прличев“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS