Панел дискусии на првиот ден од Конференцијата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Панел дискусии на првиот ден од Конференцијата

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    30 септември 2016

    Покрај одличната работна атмосфера во текот на првиот ден од Конференцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата во Југоисточна Европа, присутните имаа можност да бидат дел од четирите панел дискусии кои ги водеа реномирани универзитетски професори од технички факултети во регионот, од осигурителни компании и изумители на нови патенти и идни решенија за поголема безбедност во сообраќајот.

    Како панелисти на оваа дискусија се појавија проф. д-р Томас Толаци, проф. д-р Милан Вујаниќ, проф. д-р Никола Крстановски, г.Виктор Настев, г.Бобан Томевски, спец. проф. д-р Горан Зовак, проф. Николаос Елиу, проф. д-р Перо Стефановски, д-р Драгослав Кукиќ, г. Владимир Тодоров.

    Истакнатиот универзитетски професор од Градежниот факултет во Марибор, автор и ко-автор на три патенти и патентни апликации, проф. д-р Томас Толаци, во неговото излагање на панел дискусијата ја презентираше имплементацијата на Директиватта 2008/96 и практичното искуство добиено по нејзината имплементација во овие пет години, во Република Словенија. Неговото искуство говори дека најважна е патната инфраструктура и однесувањето на возачите.

    Во понатамошниот дел од панел дискусиите своја презентација и излагање на свој научен труд имаше и истакнатиот професор од Техничкиот факултет во Битола, проф. д-р Никола Крстановски, според кој брзината е клучниот проблем на кој треба да се работи за подигнување на безбедноста на патиштата во Република Македонија бидејќи почитувањето на патната сигнализација и знаците за ограничување на брзината на патните правци, особено во населените места, во 90% од ситуациите не се почитуваат, а само најсовесните возачи го управуваат возилото со приближно дозволена брзина. Но сепак, заклучокот од неговото излагање е дека ограничувањето на брзината на патиштата во Република Македонија не се почитува и дека на овој проблем надлежните институции и организации треба да посветат големо внимание и да вложат голем труд за да се намали трендот на брзо возење и непочитување на пропишаната брзина.

    Во продолжение на неговата дискусија, а повторно во контекст на брзината беше и дискусијата на г. Виктор Настев, кој говореше за неговиот патент за „паметен“ лежечки полицаец кој „реагира“ на возило кое се доближува со брзина која е над дозволената и во тој случај лежечкиот полицаец реагира така што автоматски се подига на едно повисоко ниво кое спречува управување возило со брзина над дозволената, а со тоа придобивка е поголемата патна безбедност.

     г. Владимир Тодоров на самиот почеток од дискусијата ја поздрави Конференцијата и добрата организација. Тој во своето излагање говореше за големиот број жртви кои страдаат во сообраќајни незгоди, а како главна причина ја наведе брзината. Понатаму тој говореше за сите активности и кампањи кои ги презема нивното работно тело во соработка со полицијата, како што се подигнување на јавната свест за позитивните придобивки од секојдневната употреба на детски седишта, употреба на безбедносен појас на задните седишта, забрането управување моторно возило под дејство на алкохол, употреба на заштитен шлем и многу други активности.

    Една од активностите која остави поголем впечаток врз присутните во салата беше и поставувањето на броило во најголемата болница во Софија кое ја брои секоја жртва во сообраќајна несреќа и таа бројка освен што е јавна и застрашувачка, за жал, секојдневно се зголемува.

    Плодната расправа продолжува во текот на утрешниот, втор ден од Првата меѓународна конференција за безбедност во сообраќајот на патиштата, со панел дискусии кои веруваме ќе бидат исто така плодни и успешни како и денешните.  Очекуваме од нив да произлезат голем број прашања за дебати и отворени дискусии, а како резултат од сето тоа да се добијат решенија за проблемите со кои се соочува сообраќајот на 21 Век.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    По завршување на првиот дел од Конференцијата одржана работна средба во МВР
    Следна Објава:
    Продолжуваат панел дискусиите на вториот ден од Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS