Основни проверки на возилото во зима – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Основни проверки на возилото во зима

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Основни проверки на возилото во зима
    21 декември 2015

    Денес е првиот зимски ден и официјален почеток на зимата на северната Земјина полутопка. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе ја започна зимската кампања: За секоја површина постои соодветна опрема. 

    Законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за возилата и работните машини кои учествуваат во сообраќај на пат, веќе се применува од 15 ноември оваа година и ќе трае сè до 15 март наредната година.

    Иако сончевото време и релативно високите температури за овој период од годината и не се баш зимски, сепак, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ве советува да направите неколку основни проверки на возилото кои се особено важни за безбедно управување на моторно возило во зима:

    Провека на брисачите. „Рокот на траење“ на брисачите обично е од 6 до 12 месеци, односно, за овој временски период се „троши“ (се кине, се оштетува) гумата која го брише стаклото на возилото. Со редовна промена на брисачите, ќе си обезбедите подобра видливост на патот, а со тоа и поголема сигурност во сообраќајот за вас и за вашите сопатници.

    Проверка на течноста за брисачите. Во резервоарот за течност со која се брише ветробранското стакло, собира околу 2-3л. течност. За одржување на чистотата на ветробранското стакло во зима се користи течност која не замрзнува и до – 30 С˚ (во зависност од годишното време и од производителот, на пазарот постојат повеќе врсти). Основно правило за сигурност и подобра видливост на патот во зимски услови е – резервоарот за течност за брисачи секогаш да биде полн.

    Проверка на акумулаторот. Ладните температури можат да го испразнат акумулаторот, особено ако паркирате надвор. Пред да паднат температурите длабоко под нулата, задолжително е да се направи проверка на акумулатотот. Доколку е слаб, сменете го на време за да се поштедите од несакани изненадувања особено во доцните вечерни или во раните утрински часови.

    Проверка на антифризот. Кај поновите возила, антифризот трае до пет, па и повеќе години, но веќе после петтата година задолжително е да се направи сервис и промена. Истото важи и за постарите возила, задолжителен е сервис пред почетокот на зимската сезона – да се испушти стариот и да се замени со нов антифриз.

    Проверка на гумите. Гумите со плитка шара, односно летните или универзални гуми, се потенцијална опасност ако се вози со нив во зима. За возење во зима се користат зимски гуми со подлабока шара, а производителите веќе ни нудат нови дизајни и поквалитетни материјали кои ги прават гумите тивки на суви патишта, а ефикасни и добро прилагодливи за возење на снег.

    Проверка на притисокот. Притисокот на воздух во гумите секогаш треба да е соодветен со оној кој е внесен во упатството за употреба на возилото. Возењето во услови на дожд и снег со несоодветен притисок на воздух во гумите може да биде опасно.

    Проверка на фаровите. Фаровите (надворешниот, стаклен дел), секогаш треба да се чисти, да не се покриени со кал или да нема на нив фатено мраз. Најдобар начин да ги заштитете да не фаќаат мраз од снег, дожд или од капки вода, е да ги премачкате со восок.

    Проверка на маслото. Проверете во упатството од автомобилот колку често треба да го менувате маслото во возилото. Промената на маслото пред да започне зимата е одлична подготовка на моторот за возење во тешки зимски услови.

    Проверка на сопирачките. Сопирачките се секогаш важни за безбедност во сообраќајот без разлика на годишното време, посебно кога е лизгав коловозот. Проверувајте ги почесто, а задолжително отидете на сервис ако забележите промена во извршувањето на нивната функција-сопирање. 

    Животот е подеднакво кршлив. Возете одговорно.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Благодарници за медиумите
    Следна Објава:
    Новогодишно дружење со децата од Детската клиника
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS