Новогодишно дружење со децата од Детската клиника – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Новогодишно дружење со децата од Детската клиника

    1. Насловна
    2. Активности
    24 декември 2015

    Периодот во годината кога најважно од се e да внесеме радост во животот на нашите блиски, роднини и пријатели е периодот на новогодишните празници.

    Водејќи се од ова Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со Фудбалскиот клуб Вардар и Хотелот Русија, денес заедно со омилените детски ликови од цртаните серии Маша и Медвед, се дружеа со дечињата кои се лекуваат на Детската Клиника во Скопје,  и им поделија пакетчиња, дресови и едукативен материјал за безбедно учество на најмладите во сообраќајот.

    Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, истакна дека РСБСП во изминатиот период реализираше кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, во која главното мото беше “Детската љубов нема граници – детскиот живот нема цена”. Во тој дух денес сме тука да ги посетиме децата на Детската клиника и да им посакаме што побрзо оздравување и враќање дома меѓу своите најблиски. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот  на патиштата ќе продолжи континуирано да работи во насока на  градење на повисоки општествени вредности, односно  подигање на јавната свест  за одговорно учество во сообраќајот. Напорно ќе работи и на подигање на свеста за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, а воедно посакуваме во наредната 2016 година бројот на сообраќајни незгоди во кои страдаат деца да  се сведе на нула. Искрено посакуваме Детската клиника да има повеќе време и простор за поголеми научни достигнување, а помалку пациенти.

    Виолета Ангелковска, Директор на Хотел Русија  истакна дека како општествено одговорна корпорација и претставува задоволство што денес дадоа свој придонес и  за момент ги изнудија детските насмевки.  Самоил Симев, Директор на ФК Вардар,  истакна дека ФК Вардар секогаш ги промовира позитивните човечки вредности,  а токму денес се дружевме со дечињата од Детската клиника им посакавме брзо да оздрават и еден ден да станат успешни фудбалери и спортисти.

    Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, истакна дека и покрај редовните обврски кои ги имаат, денес за клиниката е весел ден, а благодарение на денешната акција, децата имаа можност да се дружат со нивните омилени јунаци, Маша и Медвед и од нив да добијат соодветни подароци и едукативни материјали.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Основни проверки на возилото во зима
    Следна Објава:
    Ниту една добра кампања не може да се спореди со ден кој ќе заврши без сообраќајка!- интервју на Претседателот на РСБСП м-р Стојче Стаменковски за Вечер
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS