На иницијатива на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, оформената координативната работна група за утврдување на можностите, потребите и начините за унапредување на сообраќајното образование во рамките на образовниот систем во Република Македонија го одржа својот прв состанок.
Работната група ја сочинуваат представници од РСБСП, Министерството за образование и наука, Биро за развој на образованието, Кабинет на Претседател на Р. Македонија, Кабинет на Премиер на Република Македонија, Град Скопје, Здружение на професори по техничко образование, Министерстото за внатрешни работи и неколку угледни универзитетски професори од областа на сообраќајот.
Работната група ги донесе следните заклучоци:
1. Работната група утврди дека за да се испита потребата за воведување на сообраќајно образование, потребно е да се пристапи кон темелно истражување на сегашната состојба, потребите на секое ниво на образование и изборот на моделот кој би се применил.
2. Да се достават релевантни податоци од истражувања, студии и други анализи кои се однесуваат на состојбата со сообраќајното образование.
3. Да се утврди потребата од дефинирање на соодветен концепт односно концепти за реализирање на сообраќајното образование во образовниот процес.
4. РСБСП во рамките на работната група ќе формира повеќе тимови кои ќе пристапат кон изучување и спроведување на научно-истражувачка активност за прибирање на теренски информации кои ќе помогнат во одредувањето на насоките за давање соодветни предлози за реализирањето на сообраќајното образование.