Нова кампања под мотото #СтавиПојас за подигнување на свеста и намалување на жртвите во сообраќајни незгоди – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Нова кампања под мотото #СтавиПојас за подигнување на свеста и намалување на жртвите во сообраќајни незгоди

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    17 јануари 2025

    Сигурносниот појас е многу повеќе од само револуционерен изум во возилата, тоа е уред кој секојдневно спасува илјадници животи на патишата во Македонија и ширум светот. Носењето на појас кога управувате со автомобилот е всушност инвестиција во вашето здравје, сигурност и иднина – иднина полна со нови доживувања со саканите и блиските, иднина со уште бројни безбедни километри уживајќи во животот – живот кој нема цена.

    Токму ова е главната водилка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишатата, започнувајќи ја новата кампања под мотото #СтавиПојас во чиј фокус е подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот и намалување на повредите во сообраќајни незгоди со потешки последици, кои може значително или целосно да бидат анулирани со носење на сигурносен појас.

    Во таа насока, во следниот период, РСБСП ќе делува превентивно и едукативно на возачите и сопатниците на различни начини. За потребите на кампањата се изработени едукативни материјали, кои во рамки на спроведување на кампањата ќе бидат поделени на учесниците во сообраќајот.

    Кампањата ќе се реализира на територијата на цела држава, преку непосредно учество на терен на РСБСП, електронски во медиумите и социјалните мрежи, а целна група ќе бидат возачите и патниците како учесници во сообраќајот.

    Потсетуваме дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата налага возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат.

    Потсетуваме дека одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патишта предвидуваат дека покрај возачот и сопатникот на предните седишта, подеднаква обврска за носење сигурносен појас имаат и лицата кои се превезуваат на задните седишта во возилото. Исто така, напоменуваме децата кои имаат помалку од пет години треба да бидат во детско седиште, врзани со сигурносниот појас од детското седиште.

    Законот предвидува глоба за неносење на сигурносен појас и тоа 40 евра во денарска противвредност за возачот кој управува со возилото, како и 50 евра во денарска противвредност за лицето кое се превезува во возилото.

    Сепак, казните се само парична вредност, а животот и безбедноста немаат цена, токму затоа заради лична безбедност и безбедност на патниците во возилото, секогаш, при секое патување користете сигурносен појас.

    РСБСП упатува порака: Не заборавајте – сигурносниот појас спасува живот, затоа #СтавиПојас и #ВозиОдговорно!

    " Автомобили, Безбедност, Кампања, Македонија, РСБСП, Сообраќај, Стави Појас, Унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    Претходна Објава:
    РСБСП подари детски седишта за првородените деца во новата година!
    Следна Објава:
    Совет за февруари 2025
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS