Нова кампања на РСБСП – „Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот!“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Нова кампања на РСБСП – „Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот!“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Нова кампања на РСБСП – „Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот!“
    4 април 2018

    Пролетта е годишно време на будење, позитивно расположение и промени, а Разбуди ги позитивните навики во сообраќајот е слоган под кој Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе ја претстави и ќе ја реализира новата пролетна едукативна кампања за одговорно учество во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи.Кампањата ќе се реализира во четири тематски фази и ќе биде насочена најпрво кон едукација на возачите, а потоа и кон подигнување на сообраќајната свест за безбедно учество во сообраќајот на пешаците, мотициклистите и велосипедистите – категории ранливи учесници во сообраќајот. Во неа, освен едукација преку социјалните и електронските медиумите, ќе се организираат и јавни настани, преку кои учесниците во сообраќајот ќе се запознаат со опасностите со кои се соочуваат во сообраќајот и ќе добијат совети како истите да ги надминат.

    Почетокот на пролетта е период кога интензитетот на сообраќајот постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и учеството на ранливите категории во сообраќајот и бројот на сообраќајни незгоди во кои тие се учесници. Токму поради тоа, тие се главниот фокус на кампањата за будење на позитивните сообраќајни навики во сообраќајот.

    „Намалување на бројот на загинати – пешаци, велосипедисти и мотицклисти е цел поставена во Втората национална стратегија за унапредување на безбедност на сообраќајот на патиштата. Оваа цел, сама по себе, претставува јасен предизвик не само за РСБСП, туку и за сите останати надлежни институции за подигање на безбедноста во сообраќајот на ниво достојно секој поединец слободно и без страв да учествува во сообраќајот. Во таа насока, РСБСП, неколку години по ред, реализира вакви или слични едукативни активности.“ – велат од РСБСП.

    „Разбуди ги добрите сообраќајни навики: успори малку – вози одговорно, не претрчувај на пешачки, внимавај со твојот велосипед... се дел од пораките кои ќе бидат комуницирани во рамки на кампањата“. Интересни, директни и доволно јасни и прецизни за да предизвикаат брза реакција и во истиот момент да влијаат на оние со лоши навики во сообраќајот. Согласно сообраќајната статистика, во 2017 година, на патиштата во Република Македонија, животот го загубиле 34 пешаци, 5 велосипедисти и 7 мотоциклисти. Бројот на загинати велосипедисти и мотоцклисти е намален за 50% во споредба со 2016 година, а бројот на загинати пешаци е ист. Согласно овие показатели, минатата година ранливите категории учесници во сообраќајот, таргет на оваа кампања, учествувале со околу 30% од вкупниот број жртви на патиштата.

    И овој пат, апелот што РСБСП го упатува до сите учесници во сообраќајот е да ги разбудат позитивните навики и да бидат позитивен пример за останатите учесници во сообраќајот. Истовремено, РСБСП потсетува дека, почитувањето на сообраќајните прописи е најважното правило во сообраќајот.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Европски извештај – кога, како, зошто?
    Следна Објава:
    Возете внимателно за време на велигденските празници
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS