Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози- возете внимателно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози- возете внимателно!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози- возете внимателно!
    12 јануари 2021

    И покрај тоа што температурите се  релативно високи за овој период од годината, сепак во последните неколку денови во земјава имаше значително влошување на временските услови. Појавите на дожд, магла и снег се очекува да се интензивираат во наредниот период. 

    Општо познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури и зимски услови на патиштата.

    РСБСП посебно потсетува дека:

            • Обврската за поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември минатата година и трае до 15 март оваа година.  Оние возачи  кои се уште не обезбедиле зимска опрема  (синџири за снег или зимски гуми),  потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот.

             • Намалете ја брзината.  Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавата на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози,  е очекувана, особено ако патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.

            •  Држете безбедно растојание.  Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа,  држете безбедно растојание  и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.

            •  Бидете предвидливи.  За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд,  влажни и замрзнати коловози  особено важно е вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, забавување или забрзување на возилото.

           •  Возете внимателно во услови  на магла.   Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и  вклучете ги соборените  светла и светлата за магла (доколку поседувате). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте се до моментот кога вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно. 

            •  Внимавајте на одрони на патот. Одрони на пат, наноси на земја, песок, камења на патот, итн. во овој период од годината е карактеристична појава  што може да биде многу опасна за сообраќајот.  Затоа возете внимателно и намалете ја брзината, особено ако возите во услови на дожд, во планински предели или во други непознати области  каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот и патната околина.

             •    Направете техничка проверка на возилото. При зимски услови на патот, посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при ниски температури и влажни и лизгави коловози  на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете  редовна зимска проверка на возилото,  со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката, итн.

    РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од сите нас поединечно. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот, доколку сите ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,  бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди  значително ќе се намали.

    #ОДТЕБЕЗАВИСИ!   #БИДИОДГОВОРЕНВОЗАЧ

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Предадена опрема од РСБСП за потребите на сообраќајната полиција
    Следна Објава:
    Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да ги знаат учесниците во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS