Неколку причини зошто да користите јавен превоз? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Неколку причини зошто да користите јавен превоз?

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Неколку причини зошто да користите јавен превоз?
    20 јули 2017

    За многумина можеби, патувањето со јавен превоз, не е толку пријатно и комотно како патувањето со сопствено возило, но особено важно е да се истакне дека постојат повеќе  реални причини зошто треба да се користи јавен превоз. Замислете еден голем милионски град како би функционирал без организиран јавен превоз. Блокада, општ сообраќаен хаос,  закочен сообраќај, отежнато движење, загаден воздух…..

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви нуди неколку корисни совети зошто треба да користите јавен превоз.

    • Безбедност. Според статистичките податоци, ако се земе во предвид бројот на поминати километри и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбедниот начин за пристигнување до посакуваната дестинација.

    • Сигурност. Јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користење јавен превоз се елиминираат потенцијалните ризици кои го загрозуваат патувањето: техничка неисправност на возилото, откажување на возилото на пат итн.

    Сообраќаен метеж. Гужвите и застојот во сообраќајот значително ќе се намалат преку зголемена употреба на јавниот превоз, а тоа всушност значи безбеден сообраќај и заштедување време – како еден од најважните ресурси на 21 век. Полн автобус значи замена за 50 автомобили на улиците.

    Економија. Јавниот превоз заштедува пари. Дефинитивно, економски најисплатлива форма на патување е користењето јавен превоз. Без трошоци за гориво, без трошоци за одржување и амортизација на возилото, без трошоци за регистрација и осигурување, без трошоци за паркинг итн.

    • Екологија. Организираниот јавен превоз дефинитивно значи и помалку емисија на штетни гасови и поздрава животна средина. Предизвикот за ставање во функција автобуси на електричен погон е далеку пореална и побрзо остварлива опција од масовното користење електрични автомобили. Бројот на пренесени патници со јавен превоз е далеку поголем од бројот на пренесени патници со автомобили, особено ако се има во предвид трендот дека автомобилот сѐ повеќе е средство за личен превоз на едно лице, а не семејно возило. Покрај тоа, јавниот превоз ја намалува потребата од паркинг простор и овозможува пренамена на просторот за други цели (изградба на здравствени и образовни установи, паркови, спортски објекти и др).

    • Здравје. Користењето јавен превоз носи повеќе позитивни бенефити по здравјето на корисниците. Истражувањата на релевантни меѓународни организации, покажуваат дека лицата кои користат јавен превоз се физички поактивни (пешачење до автобуската постојка, пешачење од почетната и до крајната дестинација), помалку се изложени на стрес (стрес од случувањата во сообраќајот, одговорност, потрага по паркинг места и др.) и имаат можност за опуштено и релаксирано патување (слушање музика, читање книга, играње компјутерски игри и др.).

    • Социјална интеграција. Јавниот превоз обезбедува мобилност за секој поединец т.е. можност за патување за секого без оглед на социјалниот статус во општеството, здравствената состојба, возраста, потребите итн. Покрај тоа, за разлика од изолираните патувања со автомобил, јавниот превоз нуди можност за комуникација, дружење и ширење познанства и пријателства. Јавниот превоз помага да се поттикне чувството на припадност кон заедницата. На пример, луѓето што патуваат заедно имаат поголема веројатност да почувствуваат врска со заедницата, од оние кои патуваат со автомобили во изолација. Едноставно, јавниот превоз ја зголемува социјалната кохезија, преку промоција на позитивна интеракција помеѓу корисниците.

    Од наведеното, можеме да донесеме заклучок дека, секој дел од општеството, поединците, семејствата, заедниците и бизнисот имаат корист од јавниот превоз.  

    Јавниот превоз обезбедува лична мобилност и слобода за луѓето и е клучен за достапноста на секој град. Користењето на јавниот превоз треба да биде секојдневна практика, а градењето култура и навика за користење на јавниот превоз, како алтернатрива на личните автомобили, е особено важно и е во функција на општиот и заеднички интерес за сите. 

    РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот, да бидат безбедни во сообраќајот и да користат јавен превоз, а провајдерите на јавниот превоз континуирано да ги унапредуваат условите и услугите во јавниот превоз.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Highly significant legal obligations of drivers of motor vehicles that also apply to foreign drivers
    Следна Објава:
    Правилниот избор на пневматици важен за безбедноста во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS