Неколку практични совети за трудници – возачи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Неколку практични совети за трудници – возачи

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Неколку практични совети за трудници – возачи
    6 март 2019

    Постојат повеќе начини и повеќе различни ситуации во кои жената може да се најде како учесник во сообраќајот и да влијае на безбедноста во сообраќајот. Една од нив е улогата и однесувањето на жената како возач и мајка.

    Постојат низа специфики во однос на однесувањето на жената – возач и мајка во сообраќајот. Во одреден дел од својот живот, жените имаат потреба да бидат возачи или патници и покрај тоа што се наоѓаат во блажена состојба, односно бременост.

    Во ваква состојба, жената како возач мора да знае како да се однесува во сообрќајот и како да го заштитити своето бебе. Генерално, бебето добро е заштитено во мајчиниот стомак, но кога возите или патувате со автомобил, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да го заштититите доколку се случи сообраќајна незгода. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни и практични совети наменети за идните мајки – возачи:

    • Положбата на седење зад воланот е првиот и најважен момент со кој секојдневно се соочуваат бремените жени – возачи. Кога се во блажена состојба, жените мора да знаат дека треба да заземат положба во која ќе бидат доволно оддалечени од управувачот, положба што ќе ги штити од евентуален удар на управувачот во стомакот, и нема да ја загрози можноста за безбедно управување со моторното возило. За сосема доволна и безбедна оддалеченост од волнот се смета растојанието од околу 25 сантиметри. Но, важна е и насоката на воланот. Затоа внимавајте воланот да биде во правец на градниот кош, а не во правец на вашиот стомак. Избегнувајте чести и мали судири и контакти на стомакот со волнот.
    • Положбата во која седи жената е од исклучителна важност, особено за жените со проблемтична бременост, односно положба на седење благо наклонета наназад е идеална за да се спречи континуирано притискање на матката и бебето. Така ќе бидете сигурни дека вашето бебе удобно се чуствува додека вие возите.
    • Обврската за користење сигурносен појас останува и покрај специфичната состојба во која се ноѓате. Она што е важно, е да внимавате појасот да биде правилно поставен. Тоа значи долниот дел од појасот да биде ставен под стомакот на колковите, но не и врз стомакот. Горниот дел од појасот треба да биде поставен над стомакот т.е. на клучната коска (помеѓу вратот и горниот дел од раката). Употребата на сигурносниот појас е во функција на ваша заштита и заштита на вашето бебе.
    • Не постојат директни ограничувња за тоа до која фаза од бременоста е дозволено да се управува со моторно возило, но сепак гинеколозите препорачувааат тоа да биде до 30 недела од бременоста, а ако возите на подолги дестинации да правите почести паузи.
    • Истражувањата направени од релевантни меѓународни организации покажуваат дека  доколку бремените жени седат правилно во седиштето зад воланот и безбедно се оддалечени од воздушните перничиња, тогаш во таква ситуации воздушните перничиња се во функција на поголема безбедност на мајката и бебето.
    • Во случај на сообраќајна незгода, бремените жени задолжително треба да посетат лекар дури и кога се сигурни дека не се повредени. Не е научно потврдено, но сепак некои студии покажуваат дека бремените жени кои учествувале во сообраќајна незгода се со повисок ризик за предвремено породување.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата препорачува бремените жени – возачи да се држат до наведените совети и пораки за поголема лична безбедност и за поголема безбедност на нероденото бебе.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“
    Следна Објава:
    Жените се рамноправни учесници во сообраќајот и пред сѐ безбедни возачи!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS