Неколку начини за проверка на велосипедот пред да се вклучите во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Неколку начини за проверка на велосипедот пред да се вклучите во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Неколку начини за проверка на велосипедот пред да се вклучите во сообраќајот
    1 април 2017

    Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај, идеален за кратки или умерени растојанија, со бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето.  Поголемата употреба на велосипедот во сообраќајот значи намалената потрошувачка на  фосилни горива, помало загадување на воздухот, намалување на бучавата  во населените места, намалување на сообраќајниот метеж, побезбеден сообраќај, повеќе места за паркирање, итн.  

    Велосипедизмот  претставува добра пракса,  здав живот, здрави животни навики и чиста и здрава животна околина.

        Зимата и леденото време се во заминување па низ улиците на главниот град  и останатите места во Република Македонија од ден на ден можат да се забележат се повеќе велосипедисти кои и покрај сеуште ладното време и повремените дождови, решија да ги стават во функција велосипедите. Сепак, како и сите превозни средства така и велосипедот е потребно да биде подготвен односно сервисиран пред да влезе во сообраќајот. Во продолжение ќе ви посочиме неколку начини како да го проверите својот велосипед во домашни услови.

     

    1. Најпрво велосипедот да се исчисти од нечистотијата која се насобрала во текот на зимскиот период

    За да можете да ги забележите евентуалните недостатоци или дефекти на велосипедот тоа најдобро ќе го воочите на чист велосипед. Нечистотијата ќе ја отстраните на сув велосипед со четка и секако ќе внимавате таа да биде темелно исчистена. Откако ќе го исчистите велосипедот на суво ќе земете вода и сунѓер и уште еднаш ќе го поминете.

           2.Ланецот се подмачкува или се прска со специјално средство

    Исчисте го ланецот најпрво со сува крпа и вртете ги педалите напред – наназад, а потоа земете средство и подмачкајте го ланецот. Оставете го средството да дејствува кратко време и потоа повторно исчистете го со крпа.

          3.Не заборавајте да ги проверите кочниците и истите да ги подмачката со средство за кочници

    Пред првото возење задолжително да се проверат и сопирачките. Потребно е нивно подмачкување, а доколку сопирачките облоги се истрошени тие треба итно да се заменат.

          4.Проверете ги навојните делови

    Задолжително да се провери затегнатоста на навојната врска на сите носечки делови, како главата на управувачот, педалите и запчаниците. Доколку постојат лабави споеви на велосипедот тие ќе ги проверите со подигнување и пуштање на тркалата. За затегнување можете да користите квалитетен мултинаменски алат, но секако бидете внимателни со затегнувањето за да не оштетите некој дел од велосипедот.

          5.Проверка на гумите

    Доколку велосипедот мирувал во зимскиот период веројатно гумите го имаат испуштено целиот воздух. На самите гуми е наведен-запишан  минималниот и максималниот притисок на воздух. За пумпање се препорачува робусна стоечка пумпа со манометар. Истрошените и напукнати гуми се сериозна опасност при возењето и задолжително треба да се заменат.

          6.Задолжително да се проверат светлата и катадиоптрите затоа што на  велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.

          7.Откако ќе бидете сигурни дека вашиот велосипед е исправен, можете да го исполирате да добие сјај.

          8.И не заборавајте еднаш во годината да направите целосен сервис на вашиот велосипед.

    Секако доколку немате време ниту простор да ги направите проверките во домашни услови, однесето го велосипедот на сервис и имајте безбедно и сигурно возење.

    И не заборавајте да ја проверете  и подгответе опремата и да користитете  заштитен шлем и друга опрема за пасивна безбедност,  пред се заради вашата  лична заштита.

     

    РСБСП Ви посакува безбедно учество во сообраќајот!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одбележување на 31 Март – Ден на возачите
    Следна Објава:
    Едукативен автобус ООУ “Аврам Писевски” Општина Карпош
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS