Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи
    26 мај 2020

    Според податоците на СЗО годишно во светот околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека 1100  млади лица на возраст до 25 години секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди ширум светот. 

    Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години а втора  причина за смртност  за лицата на возраст од 10 до 25 години.

    Имајки ги во предвид наведените факти со право можеме да кажеме дека сообраќајните незгоди се  црната чума на 21 век.

    Според светските искуства и резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации  најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи се:

             1. Возачко неискуство. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода  е највисок во првата година по добивањето на возачката дозвола. Затоа и покрај добивањето на возачката дозвола родителите имаат  родителска обврска да им обезбедат  на младите  возачите  најмалку 30 до 50 часа надгледувана пракса на возење во текот на најмалку шест месеци од  добивањето на возачката дозвола. Праксата треба да се реализира  на различни патишта, во различни периоди од денот и во различни временски услови и услови во сообраќајот. Практичната обука треба да опфати и активности за постојано скенирање на потенцијалните опасности вклучувајќи и други возила, велосипедистите и пешаците.

           2. Недоволна созреаност и слаб карактер. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода  се зголемува кога младите возачи возат млади сопатници во возилото.  Притоа колку е поголем бројот на сопатници во возилото толку е поголем и ризикот.  Согласно тоа, се  препорачува  на  младите возачи да го  намалат бројот на млади сопатници во возилото на 0 или еден. Почитување

    на ова прeпорака е особено важна во прите 6 месеци по добивањето на возачката дозвола.

            3. Неискуство во ноќно возење.  Ноќното возење  е опасност за сите возрасни групи.  Фатлни сообраќајни незгоди се случуваат најчесто во вечерните часови,  но ризикот е многу поголем за младите и неискусни возачи. Според ЗБСП,  младите  возачи – возачите почетници не смеат да возат  после 23 часот до 5 часот наутро,  во првите две години по стекнувањето на возачката дозвола без  придружба на возрасно лице над 25 години кое поседува возачка дозвола од соодветната категорија и на кое не му е изречена забрана за управување на моторно возило.

    Токму затоа, пораката до младите возачи, до возачите почетници,  е да се почитуваат законските ограничувања и  да се вежба ноќно возење во придружба на искусен возач во вечерно време пред да започнат самостојно да возат во ноќни услови.

              4. Не користење појас. Основната превенција од смртни случаи во сообраќајни незгоди е користењето на сигурносен појас.  Истражувањата покажуваат дека младите возачи и сопатници најмалку користат сигурносен појас.  Затоа секогаш  користете   појас и  барајте  од своите сопатници секогаш, задолжително да користат сигурносен појас на секое патување.  Ова е основен чекор за намалување на ризикот на младите да бидат лошо повредени при сообраќајни незгоди.

              5. Рассеано возење и нефокусираност. Нефокусираноста, рассеаноста, невнимателноста  – го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода.  Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон и возат под одвлечено внимание. Согласно тоа,  советот до младите возачи е:  Не преземајте активности кои може да ви го одземат вниманието додека возете, како што се зборување на мобилен телефон, испраќање порака, јадење, или играње со радиото. Последиците од нефокусирано,  рассеано возење -најчесто се фатални.

            6. Замор. Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди  секоја година.  Младите се најмногу поспани во утринските часови или касно во ноќта.  Затоа,  планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возете. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот.

           7. Несовесно возење. Истражувањата покажуваат дека кај младите недостасува искуство за  правилно расудување и зрелост за да се проценат ризичните ситуации.   Младите се повеќе склони кон преземање ризик, помалку држат безбедно растојание помеѓу возилата, возат слалом, неправилно престигнуваат, помалку се стрпливи и помалку се толрантни во сообраќајот.  За помалку несакани ситуации на патиштата, младите возачи треба  да бидат совесни и одговорни возачи и секогаш  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

           8. Брзо возење и алкохол. Брзината и алкохолот изнудуваат грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици.  Возач – почетник не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат.

    Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од „Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати. Толеранцијата,  дозволена количина на алкохол во крвта  кај возач почетник е еднаква на нула.

    Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа почитувајте ги правилата за ограничување на брзината  и никогаш не возете под дејство на алкохол.

    РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.  Младоста не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорното однесување во сообраќајот.

     Биди одговорен возач!  #ВОЗИОДГОВОРНО

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот! РСБСП со апел:Повисоко ниво на сообраќајна култура, основен предуслов за побезбеден сообраќај!
    Следна Објава:
    Мотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS