Мотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Мотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Моторциклисти
    Мотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди
    11 јуни 2020

    Изминативе неколку месеци црната статистика е полна со извештаи за загинати и повредени мотоциклисти во сообраќајни незгоди. Топлото време, почетокот на мото  „сезоната“ и намалениот сообраќаен метеж поради корона кризата беше „неодолив“ предизвик за голем број мотоциклисти. Зголеменото присуство на мотоциклистите во сообраќајот  само по себе не значи загрозување на безбедноста во сообраќајот доколку сите мотоциклисти се одговорни учесници во сообраќајот и доколку  сите возачи  покажуваат  почит кон  мотоциклистите како  рамноправна и ранлива група на учесници во сообраќајот.

    Црната статистика за настрадани мотоциклисти во сообраќајни незгоди изминативе месеци загрижува. Загрижуваат и статистичките податоци од минатите години кои  покажуваат дека во Македонија мотоциклите претставуваат до 2 % од вкупниот број возила, учесници во патниот сообраќај, а приближно 10% од вкупниот број  на загинати лица во сообраќајни незгоди се мотоциклисти. Несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема и заштитен шлем се издвојуваат како главни причини за трагичните последици од сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклистите. 

    Согласно наведеното, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети  до мотоциклистите:

    •  Носете заштитен шлем (кацига), рефлектирачки елек и  друга заштитна опрема

    •  Намалете  ја брзината

    •  Користете ги трепкачите

    •  Одржувајте растојание

    •  Користете ги двете сопирачки

    •  Избегнувајте „мртви агли“

    •  Не возете слалом и престигнувајте правилно

    •  Не возете под дејство на алкохол и други психотропни супстанци

    •  Управувајте го   возилото на начин на кој не се намалува неговата стабилност.

    Вистинските мотоциклисти, вистинските  љубители на мотоциклите се внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и редовно користат кацига и друга заштитна опрема. Но, не е мал бројот и на оние мотоциклисти кои сакаат да доминираат во сообраќајот, кои сакаат да се истакнат со брзо возење, со слалом возење, со непочитување на сообраќајните знаци, непочитување на правилата на првенство на минување, поминување на црвено светло на семафор итн.

    Затоа,  РСБСП со апел до љубителите на мотоциклот: Биди вистински мотоциклист, секогаш  користи кацига, заштитна опрема и почитувај ги сообраќајните правила и прописи.  Покажи  како треба  и како се сакаат „двете тркала“!

    #БИДИВИСТИНСКИМОТОЦИКЛИСТ,   #НОСИКАЦИГА           

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи
    Следна Објава:
    РСБСП: Корисни совети за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS