Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март

    1. Насловна
    2. Активности
    Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која РСБСП  го честита денот на жената 8-ми Март
    7 март 2020

    Жените денес се активни учесници во патниот сообраќај. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.

    Да се биде жена возач,  денес во 21 век,  не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или  моден детал, туку едноставно, тое  е потреба и сериозна обврска.   Динамиката на живеење и секојдневните  и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери на општествено живеење,  па и во возењето.

    И покрај тоа што статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека  ретко може да се види жена да ги потценува последиците од  управување на моторно возило под дејство на алкохол, сепак  и покрај сите  општествени  напори,  за жал,  се уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи  за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи.

    Улогата и значењето на  жената за безбедноста  во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание  како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор  отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со порака до сите жени   „ Нека Ви е честит денот на жената 8 –ми Март и бидете внимателни и одговорни  учесници во сообраќајот.  Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен  придонес  биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво.  Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива!  Ништо и никој  не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка,  пријателка……….Чувајте се, за вас и вашите најблиски!

    По повод денот на жената,  8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста  против стереотипите за жените како лоши возачи.  Исто така, по повод  8-ми март,  РСБСП во соработка со МВР  организира едукативно превентивни настани и манифестации во повеќе градови истовремено. Централниот настан ќе се организира во „Скопје Сити мол“  во Недела на 8 март, и истиот опфаќа дистрибуција на цвеќе и едукативни  материјали за жените учесници во сообраќајот.

    ЧЕСТИТ  „8- ми МАРТ“      

    # ВОЗИОДГОВОРНО

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Сообраќајно едукативно предавање на тема: „ Биди паметен – стави појас“
    Следна Објава:
    РСБСП: Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS