РСБСП: Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП:  Ниеден изговор не е доволно оправдување. Стави појас!
    13 март 2020

    Обврската за користење на сигурносен појас во возилото се однесува како на возачите така и на патниците. Во сите возила, секаде каде што фабрички се вградени сигурносни појаси, возачите односно патниците имаат обврска за нивно користење. Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со соодветна парична казна, но најголема казна за не користење на сигурносниот појас се последиците од сообраќајните незгоди.

    Познавајки го менталитетот на македонскиот народ, можеме да кажеме дека најчесто стануваме свесни за одредени работи кога веќе е премногу касно и кога ништо повеќе неможе да се промени. За жал, секогаш кога ќе се случи одредена сообраќајна незгода со посериозни последици првото нешто што го прашуваме е: „ Возел ли брзо?“  „Бил ли под дејство на алкохол?“ „А појасот, ставен ли му бил?“ – и тогаш во тие моменти силно посакуваме да не се случило тоа што се случилило и со значителна доза на каење констатираме: „ Ех барем да го користел појасот, сигурно последиците нема да биле такви?“.  Чудно е тоа што, тоа толку силно изразено чувство на каење, трае се до моментот на влегување во возилото, а потоа повторно се по старо.

    Имајќи ја во предвид ваквата состојба РСБСП уште еднаш апелира: „Биди паметен, размисли на време! Ниеден изговор не е доволно оправдување. Затоа задолжително, при секое патување, стави појас.  Појасот нека биде твој верен и неразделен пријател на секое патување, независно од тоа дали си возач или патник. Добрите навики, живот значат.”

    Кога станува збор за изговорите и оправдувањата РСБСП со објаснување и аргументи зошто тие се неоправдани:

    • „ Појасот ме стега, не можам да го носам“ – изговор кој нема смисла. Новите превозни средства се толку модерни што појасите се навистина удобни и не приметливи. Ништо поразлична не е состојбата и кај постарите возила.
    • „ Имам воздушно перниче, не ми треба појас“ – вклучувањето на воздушните перничиња  најчесто зависи од тоа дали е ставен појасот.
    • „Во случај на сообраќајна незгода, доколку возилото го зафати пожар или падне во вода , подобро е да не користам појас“ – апсолутно неоправдан изговор затоа што ослободувањето од појасот се прави за помалку од една секунда.
    • „Во сообраќајна незгода, подобро е да излетам од возилото, отколку да останам внатре во возилото!“- овој изговор е исто така неоправдан затоа што најголем број на лица кој во сообраќајна незгода излетале од возилото завршиле со фатални последици.
    • „Во сообраќајна незгода, полесно ќе биде укажана помош и полесно ќе биде изваден повредениот доколку не користи појас“ – много полесно е да се укаже помош и да се транспортира повредено лице чие тело после незгодата останало во правилна седечка положба во возилото, отколку тело кое е „разлетано“ во возилото.
    • „Возам бавно и во населено место, не ми треба појас“ – ефектите од користење на појасот се најсилно изразени при брзини кои се достигнуваат во населено место.
    • „И да користам појас, нема ефект“- истражувањата покажуваат дека ризикот за фатална повреди кај возачите и патниците се намалува дури за 50% проценти доколку возачот односно патникот користи појас.

     Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и тоа кога најмалку очекувате. Никој кој учествувал во сообраќајна незгода не ни помислувал дека токму него, токму тој ден, ќе  му се случи сообраќајна незгода. Затоа, биди паметен, задолжително, при секое патување, стави појас. Секој изговор, секое неиздржано оправдување само го загрозува твојот живот.

           СТАВИ ПОЈАС!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март
    Следна Објава:
    Улиците и патиштата празни, црната хроника полна – РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS