Денес во просториите на Авто мото сојузот на Македонија – Скопје, беше реализирана работна средба на која присуствуваа м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, Тони Јакимовски, секретар на РСБСП, проф. д-р Спасе Јовковски, претседател на АМСМ и Димитар Миновски, генерален секретар на АМСМ. На работната средба беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу РСБСП и АМСМ. Со овој Меморандум се утврди рамката во која ќе се реализира соработката помеѓу РСБСП и АМСМ за активности од заеднички интерес насочени кон унапредувањето на безбедноста во сообраќајот на патиштата.