Денес, во Прилеп, РСБСП, заедно со МВР, Факултетот за безбедност – Скопје, Секторот за превенција – Прилеп и ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со нивната менторка Виолета Секулоска, реализираа активности од кампањата „Стави појас“. Целта на кампањата е зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. На возачите од Прилеп им беше поделен едукативно-превентивен материјал со цел укажување на придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата. Сигурносните појаси спречуваат удари на возачот, односно патниците, или нивно излетување од возилото во случај на сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека тие значително придонесуваат за намалување на бројот на смртни случаи при сообраќајни незгоди.
Токму затоа м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП упати апел: Возачите и патниците, при секое патување и во населено и надвор од населено место, да користат сигурносни појаси, да внимаваат појасите да бидат правилно поставени, а особено кога патникот е дете. Сите заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот!
ВОЗИ ОДГОВОРНО! ЗА ТВОЈА БЕЗБЕДНОСТ СТАВИ ПОЈАС!