Меѓународна младинска обука на тема: „Младите за безбедност на сообраќајот“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Меѓународна младинска обука на тема: „Младите за безбедност на сообраќајот“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    Меѓународна младинска обука на тема:  „Младите за безбедност на сообраќајот“
    1 ноември 2017

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и во соработка со партнерите од земјава и странство,  а  во рамките на програмата Еразмус плус,   организира меѓународна обука за млади лица, на тема:  „Младите за безбедноста во сообраќајот“. 

    Обуката ќе се реализира во периодот од 01 – 07 Ноември  во  центарот за обука  на СИЗ „ Македонија сообраќај“ – Америт –  Скопје  и на истата ќе учествуваат  околу 40 учесници од  6 различни земји.

    Целта на РСБСП  е со  организација на  седумдневна обука  да се подигне културата и етиката кај младите лице за одговорно учество во сообраќајот, но и  да се поттикнат младите активно  да се вклучат во општествените  процеси за креирање на општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност. Енергијата, силата и иднината е во рацете на младите, а токму преку организација на вакви меѓународни активности се овозможува  вмрежување на младите од цела Европа, можност за заедничко работење и размена на искуства и знаење и градење на заеднички  вредности – истакна  Претседателот на РСБСП – Стојче Стаменковски.

    Како организација која се грижи за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата СИЗ „ Македонија сообраќај“ – Америт со задоволство ја прифати можноста да биде партнер  и поддржувач на оваа меѓународна обука за млади лица.  Покрај организациската поддршка претставници од Америт ќе учествуваат на оваа обука со предавање на тема:  ,,Ризици и закани за младите возачи и возачите почетници во сообраќајот’’.  Убедени сме дека оваа е вистинскиот начин за долгорочно подобрување на безбедноста во сообраќајот и токму затоа АМЕРИТ секогаш ги поддржува сообраќајно едукативните активности кои ги организира РСБСП со партнерите – изјави Иван Илиевски – менаџер за  развој на Америт.

    На обуката ќе учествуваат младински партнерски организации од шест земји – Македонија, Романија, Словенија, Германија, Италија и Шпанија и истата ќе се состои од неколку делови и тоа предавање,  практични вежби и работа во групи, организација на јавен настан – кампања,  посета на ЦУКС, и  многу други активности со цел  едукација на младите за безбедно учество во сообраќајот, обука и оспособување на младите за реализација на проекти и сообраќајно едукативни кампањи,  креирање на идеи, иницијативи, предлози  од младите  за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата итн.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Нова кампања на РСБСП и РК Вардар „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“!
    Следна Објава:
    Влажни коловози, магла, намалена видливост – закана за возачите!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот
    • РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно!
    • Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS