Вие сте тука

Матуранти - млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот

 Во периодот кој следи, традиционално се враќаат прославите на матурските вечери. Матурантите од целата држава ќе заблескаат во рувото на  нивната младост и зрелост.
 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на својата кампања ,,Матуранти - млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот'', во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираат едукативни предавања во сите средни училишта во Република Северна Македонија.

Целта на предавањата е да се потсетат матурантите на последиците  од несовесното управување со возило и да им се укаже да бидат крајно внимателни доколку за матурската вечер се одлучат да седнат позади воланот. Тука би го додале и податокот дека поголемиот дел од средношколците  немаат ниту возачка дозвола.
РСБСП и МВР  секогаш, а посебно во овој период на годината  упатуваат  апел до сите матуранти:
,,За време на матурските прослави  не конзумирајте прекумерно количество на алкохол,  не користете автомобили, а доколку ги користите, бидете крајно внимателни, се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот!"

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот