Вие сте тука

Марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со најавените активности по повод одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди.

По тој повод, денес заедно со учениците од СУГС „Владо Тасевски“, се одржа марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот. Учениците маршираа да алармираат за големиот број лица кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди. За време на дефилето, со балони и ѕвона, учениците повикаа да се разбуди совеста за одговорно учество во сообраќајот кај сите учесници во сообраќајот.

На крајот од маршот претставниците на РСБСП заедно со учениците од „Владо Тасевски“ и претставници на МВР го запреа сообраќајот на 124 секунди. Со молк оддадоа почит за загубените 124 животи и пуштија 124 балони кои ги симболизираат лицата кои оваа година го изгубија животот во сообраќајни незгоди, во знак на нивно сеќавање.
 

"Оваа недела ја посветуваме на жртвите во сообраќајни незгоди и ја истакнуваме високата цена која ја плаќаме од несовесното однесување во сообраќајот. Човечкиот живот е бесценет и затоа не смееме да дозволиме момент на невнимание и непромисленост да се претвори во нечија семејна трагедија. Со овој настан сакаме уште еднаш да се потсетиме на оние кои оваа година го загубија животот на патиштатата во Република Македонија и уште еднаш да апелираме до сите возачи, велосипедисти, мотоциклисти, пешаци - до сите учесници во сообраќајот - да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот и со нивното одговорно учество да го дадат својот придонес, како за нивната така и за безбедноста на останатите учесници“, изјавија од РСБСП.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media