Летно возење во малку поинакви услови – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Летно возење во малку поинакви услови

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Летно возење во малку поинакви услови
    15 август 2018

    Познато по високите температури, убавото време, годишните одмори и омилените патувања, летото е период од годината кој сите со нетрпение го очекуваме. Оваа година имаме малку поинакво, нетипично лето, со променливо време, многу врнежи и променливи температури. Во вакви временски услови, возењето е отежнато, специфично и иако се работи за лето, условите се посебни и бараат посебен начин на возење.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува добро да се подготвите пред да тргнете на пат. Одморете се добро, проверете ја техничката исправност на возилото, проверете ги гумите, проверете го притисокот на воздухот во нив, проверете ги бришачите затоа што во услови на дожд и лошо време ќе ви бидат повеќе од потребни. Проверете ги светлата, маслото во моторот и најважно од сѐ, проверете ја временската прогноза за денот кога планирате да патувате.

    Доколку во текот на патувањето времето е облачно и тмурно со некој зрак сонце, препорачливо е да носите со вас очила за сонце за да не го напрегате видот, односно за да не се заморите прерано.Доколку, пак, за време на патувањето ве фати невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, тогаш задолжително следете ги следниве совети:

    1. Забавете. Намалете ја брзината на движење за 10 или 20 км/ч. При поголеми брзини, автомобилот го губи контатктот со подлогата, се подига од патот и се однесува како да скија на водатата. Ако се случи тоа, не паничете! Единствено што треба да направите е да забавите до онаа брзина кога автомобилот ќе го чувствувате нормално.
    2. Избегнувајте возење низ поплавени делови (улици, области). Проблемот ќе настане кога нема да можете да ја процените добро длабочината на водата и таа ќе навлезе длабоко во вентилот за довод на воздух, а потоа и во моторот и автомобилот ќе изгасне.
    3. Ослободете ги сопирачките откако ќе поминете низ вода (вир, бара). Тргнете го стапалото од педалата за гас. Ова создава топлина и триење што помага да се исушат сопирачките.
    4. Запрете. Кога дождот е многу силен и видливоста преку ветробранското стакло е намалена до 50 метри – запрете! Тргнете се на страна и почекајте да се намали интензитетот на врнење.

    Многупати, и покрај тоа што сте ги примениле сите совети за возење во услови на дожд, сепак може да настане проблем со возилото и да останете дефект на патот. Во тој случај, РСБСП ви советува:

    1. Осигурајте се дека автомобилот е надвор од сообраќај на патот. Тргнете го на страна и вклучете ги трепкачите. Обезбедете ја околината со траголник или со конуси. Внимавајте тие да бидат поставени на содветно и пропишано растојание.
    2. Не излегувајте од возилото. Побарајте помош и почекајте во возилото. Доколку сакате сами да се соочите со проблемот на возилото, почекајте да престане врнењето, облечете рефлектирачки елек и бидете внимателни.

    Условите за возење, особено во лето, се менуваат многу брзо. После дождот се појавува сонцето, водата испарува и се јавува нов проблем за возачите – магла. Иако оваа магла не е толку густа и опасна како маглата во зима, сепак бидете претпазливи, вклучете ги магленките на време и намалете ја брзината пред да навлезете во маглата. Ова ќе ги предупреди и другите возачи да ја намалат брзината. Особено бидете внимателни кога возите по угорнина, рид или планинско место. Намалете ја брзината пред да почнете да го качувате ридот. Можноста да има запрен автомобил, одрон на карпа или колона возила е голема, а поради маглата нема да имате можност да ги видите на време. 

    Внимателното возење е клучно за безбедноста на секој учесник  во сообраќајот, а одговорноста при возењето е одлика на карактерот на секој возач и придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот.

    Од РСБСП повторно со апел: „Почитувајте го сообраќајот, почитувајте ги правилата и прописите, не ги занемарувајте временските услови, предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот. Возете внимателно, бидете одговорен возач.“

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување
    Следна Објава:
    Сообраќајна сигнализација во зона на изведување на работи на пат
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS