Сообраќајна сигнализација во зона на изведување на работи на пат – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Сообраќајна сигнализација во зона на изведување на работи на пат

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Сообраќајна сигнализација во зона на изведување на работи на пат
    16 август 2018

    Работи на патот или сообраќај во градежни зони на патиштата е појава со која многу често се соочуваат возачите, особено во летниот период од годината. Со цел потсетување и едукација на возачите за безбедно одвивање на сообраќајот во градежни зони на патиштата,  РСБСП со информации и појаснување за видовите на сообраќајна сигнализација и  значењето на сообраќајната сигнализација поставена во наведените зони.

    Работи на патот се дефинираат како организирана активност која што се изведува на дел од сообраќајната мрежа и која може физички да зафати дел од сообраќајната површина (коловозот, тротоарот и сл.), што како последица има физичко или психолошко стеснување на возниот профил на патот, потреба за престројување и промена на сообраќајната/коловозната лента, смалување на нивото на услуга, и сл.

    За учесниците во сообраќајот, зоните каде што се изведуваат работи на патот претставуваат потенцијални места за настанување на незгоди. Поради ова, сообраќајното уредување на зоните каде што се изведуваат работи на пат има за цел минимизирање на ризикот од сообраќајни незгоди, минимизирање на дополнителните трошоци за корисниците (време на патување и др.), како и овозможување на безбедна и непречена работа за лицата кои што ги изведуваат работите на патот.  За да се постигне ова, потребно е квалитетно регулирање на сообраќајот во зона на изведувањето на работите на пат, односно квалитетен сообраќаен проект.

    Означувањето на работите на пат и привремените пречки на патот се врши со помош на вертикална, хоризонтална и светлосна сигнализација. Притоа, важно е да се напомене дека постои разлика  помеѓу постојаната и привремено поставената сообраќајна сигнализација. Преку правењето разлика меѓу постојаната и времената сообраќајна сигнализација се акцентира влијанието на сообраќајните знаци со посебна намена. Сообраќајните знаци кои што имаат основа портокалова боја им давааат информација на учесниците во сообраќајот дека наидуваат на измени во сообраќајниот режим. Европската директива EN 1436 од 2000 година им препорачува на сите земји од ЕУ да применуваат бела боја со одредени карактеристики за означување на постојаната сигнализација, а жолтата или портокаловата боја да се користи кај времената хоризонатална сигнализација.

    Делот од патот на кој што се изведуваат работи, задолжително треба да се обележи на виден начин, со цел навремено информирање на учесниците во сообраќајот, за изменетиот режим на сообраќај, како би можеле возачите навремено да ја прилагодат брзината на движење на конкретните услови.

    Обележувањето на делот од патот на кој што се изведуваат работи на пат, се врши со поставување на соодветна опрема, ознаки на коловозот, сообраќајни знаци или светлосна сигнализација.

    Кога знаците за опасност се поставуваат за означување на работи на патот, на препреки или оштетувања на коловозот, односно како дел од времена сигнализација, бојата на основата на знакот е портокалова, а кога се употребуваат како вметнати знаци, основата на таблата во која што се вметнуваат е портокалова. Исто така, дополнителните табли што се додадени кон знакот со кој што се означуваат работи на патот, препреки и оштетувања на коловозот, или кај привременото насочување на сообраќајот, имаат портокалова боја како основа, а симболите и натписите се со црна боја.

    Ознаките со кои што се обележуваат привремени опасности на патот и времена измена на режим на сообраќај се означуваат со портокалова боја.

    Светлосните сообраќајни знаци за обележување на работи на патот и на препреки можат да бидат табли за означување препреки со трепкач, подвижни табли со трепкачи и знаци, како и привремени уреди за давање знаци на сообраќајните сигнали заради наизменично пропуштање на возилата од спротивни насоки.

    Под опрема и останати знаци за означување на работи на пат, препреки и оштетувања на коловозот спаѓаат:

    • табли за означување на препреки на патот од лева или десна страна,
    • табли за означување препреки на патот и остра кривина на патот со насока на насочување надесно или налево,
    • табла (бочни) препреки која што означува место со бочно намалување на профилот на патот, а кои што се применуваат и во случаи на еднонасочни патишта кога привремено се воспоставува двонасочен сообраќај,
    • конуси кои што служат за обележување на места со краткотрајни работи на патот,
    • браник за означување на препреки кој што служи за означување на препреки на сообраќајната површина,
    • табла за означување на препреки со трепкач, служи за обележување на работи на патот,
    • подвижна табла со трепкачи и знаци,
    • подвижна табла со трепкачи и светлосни стрелки што се насочени надолу и со сообраќаен знак, која што означува место на патот каде што сообраќајната лента е затворена а сообраќајот се пренасочува
    • подвижна сигнална табла со променлива содржина.

    Во опрема за водење и насочување на сообраќајот во зона на работи на патот спаѓа:

    • монтажни рабници кои што служат за насочување на сообраќајот по сообраќајните ленти,
    • маркери за разделување на насоките на возење кои што се поставуваат во случај на воведување на двонасочен сообраќај на еднонасочен пат,
    • маркери на светлоодбивни ознаки за насочување (делинеатори) кои што се со бела или жолта боја, а служат за разделување на насоките на возење,
    • завеси и ленти кои што служат за заградување на помали простори,
    • разделни огради кои што физички ги раздвојуваат површините што се наменети за сообраќај во спротивни насоки,
    • растегливи и сложувачки огради кои служат за затворање на помали сообраќајни површини.

    Сообраќајните знаци секогаш се поставуваат и се одржуваат така што учесниците во сообраќајот да можат навремено и лесно да ги воочат и дење и ноќе и навремено да постапат во согласност со нивното значење.

    РСБСП со апел до возачите: Бидете внимателни и секогаш максимално почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација вклучително и сообраќајната сигнализација поставена во градежни зони на патиштата.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Летно возење во малку поинакви услови
    Следна Објава:
    Неколку кратки совети како да го олесните патувањето во лето
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со нова кампања за едукација на мотоциклисти, велосипедисти и е-тротинети за нивно безбедно учество во сообраќајот
    • РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS