РСБСП продолжува да ги поддржува сите идеи и иницијативи, што имаат позитивен импакт на безбедноста на сообраќајот на патиштата и апелира до сите деловни субјекти да покажат повисоко ниво на општествена одговорност и сите заеднички да се грижиме за безбедноста на сообраќајот на патиштата како врвна опшествена цел.
Во таа смисла РСБСП целосно ја поддржува иницијативата потикната од страна на Форца бар и Аутомотив клуб која има за цел зголемување на безбедноста на сообраќајот во Скопје преку обезбедување на бесплатен и безбеден превоз за своите гости.