Учениците од Основното училиште “ Кочо Рацин“ во општина Петровец од денес (09.11.2015 година) се значаен и силен составен дел од кампањата „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Имено, учениците од споменатото училиште испратија пораки до возрасните учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но посебено апелираа да внимаваат на децата во сообраќајот затоа што безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните. Покрај тоа, во рамки на денешниот настан, претставници од СВР Скопје – Одделение за сообраќајна превенција, реализираа едукативно предавање за децата чија основна цел е да им помогнат на децата во учењето на сообраќајните правила и прописи и во градењето на сообраќајната култура. На учесниците на денешниот настан, но и на сите останати ученици од основните училишта во општина Петровец им беа поделени училишни помагала со сообраќајни пораки да внимаваат во сообраќајот.
На едукативното предавање учествуваше и градоначалникот на општина Петровец г-дин Борче Митевски кој истакна дека општина Петровец секогаш ги подржува ваквите настани и дека и во иднина ќе ги подржува. Покрај тоа градоначалникот напомена дека општината ги преземе сите неопходни мерки за безбеден и протечен сообраќај.
Кампањата, чија цел е подигање на јавната свест за поголема безбедност на децата во сообраќајот, која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата под мотото „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ интензивно се реализира на теритотријата на цела држава со подршка на Општинските совети за безбедност на сообраќајот, Локалната самоуправа и Секторите за внатрешни работи.