Вие сте тука

Корисни совети за безбедно патување во зима

1. Обврската за поседување зимска опрема е задолжителна и се однесува на секое возило што учествува во сообраќајот во периодот од 15 ноември до 15 март следната година.

2. Непоседување зимска опрема во возилото се санкционира парично - со 45 евра во денарска противвредност, или со впишување 25 негативни бодови во возачката книшка.

3. Полицискиот службеник може да му нареди на возачот да го прекине натамошното движење ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот (доколку возачот не постави или не поседува зимска опрема).

4. Под зимска опрема се подразбира:

За возила до 3500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm, или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm и синџири за снег за погонските тркала

За возила над 3500 кг: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 mm, или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4mm и синџири за снег за погонските тркала.

5. Зимски гуми се оние гуми кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

6. Направете редовна зимска подготовка на возилото и проверете го:

  • моторното масло
  • антифризот
  • течноста за бришачите
  • бришачите
  • акумулаторот
  • грејачите
  • притисокот на воздух во гумите

7. Во зима секогаш имајте доволно гориво во резервоарот за да избегнете непријатни ситуации во сообраќајот.

8. Поради замрзнатите и влажни коловози, сопирачкиот пат на возилото во зимски услови е подолг. Затоа, намалете ја брзината и прилагодете го возењето кон условите на патот.

9. Внимавајте на можната појава на голомразица и секогаш бидете подготвени и концентрирани додека управувате со возилото.

10. Бидете предвидливи во сообраќајот. Избегнувајте нагло свртување, како и нагло забавување или забрзување на возилото и држете безбедно растојание.

11. Во зима, во возилото секогаш ќе ви се најдат мала лопата, малку песок, стара крпа, метличка за чистење снег од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата, спреј за одмрзнување брави, итн.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2017 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media