Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија
    21 декември 2018

    Најновата едукативна кампања на РСБСП „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ која посочува на најчестите изговори што учесниците во сообраќајот ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата ќе биде спроведена во осум градови низ Македонија. Целта на активностите од кампањата која првично беше претставена преку билборди поставени на фреквентни места, е да влијае врз учесниците во сообраќајот преку директна комуникација и едукација.

    Во декември и јануари, РСБСП ќе спроведе активности на фреквентни места во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип и Гевгелија, кои ќе опфатат директна комуникација со учесниците во сообраќајот и проверка на изговорите што тие ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата кога се во сообраќај. На овој начин РСБСП сака да ја доближи кампањата директно до учесниците, за непосредно да едуцира и предупреди на опасностите.

    Точните датуми и локации на кои ќе се одржат настаните во секој град ќе бидат објавени на Facebook фан страната на РСБСП.

    Секој од присутните на настаните ќе има можност да се запознае со важни факти кои одат во прилог на тоа дека не треба да се бараат изговори за непочитувањето на правилата, како и кои се последиците од непочитувањето на правилата. РСБСП обезбеди и пригодни подароци за секој посетител што ќе земе учество во едукативните активности.

    Целта на кампањата „Без изговори“ е да ја подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот преку посочување на најбизарните изговори што ги користат за да ги оправдаат постапките, како и едукација за последиците што можат да настанат од непочитувањето. Најчесто користени изговори се зборување на мобилен телефон, брзање, возење над дозволената брзина и многу други кои можат да завршат со повреди и смрт.

    Големиот  број на незгоди, повредени и загинати укажуваат на тоа дека на учесниците во сообраќајот им е неопходна дополнителна едукација за опасностите во сообраќајот и неопходноста од почитување на правилата за сите. Добар показател за ефектот што го имаат континуираните заложби за подигнување на свесноста е намалувањето на сообраќајни незгоди со фатални последици за 10% споредено со минатата година.

    РСБСП ве повикува да се придружите на настаните во градовите низ Македонија, за заедно да се едуцираме околу важноста од почитување на правилата. Запомнете, ниту еден изговор не е доволно добар за да се предизвика сообраќајна незгода.

    Бидете одговорен учесник во сообраќајот – БЕЗ ИЗГОВОРИ!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима
    Следна Објава:
    Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS