Како законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го регулира проблемот со прскање пешаци – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Како законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го регулира проблемот со прскање пешаци

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Пешаци
    Како законот за безбедност на  сообраќајот на патиштата  го регулира проблемот со прскање пешаци
    17 ноември 2017

    Поројниот дожд кој  непрекинато врне деновиве,  како впрочем и секоја есен,   многу пати создава сериозни проблеми во сообраќајот.  Пешаците се често „жртва“ на несовесните и неодоговорни возачи. 

    РСБСП направи кратка анализа за тоа како овој проблем е регулиран во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и какви резултати дава неговото спроведување во пракса.

    Како законот го регулира ова прашање?

    Во членот 124 став 2 и 3  од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр.169/15), е предвидено:

    (член 124, став 2) Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, е должен да го приспособи возењето така да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

     Колку е казната за непочитување на законот?

    (член 124, став 3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член.

    Сторителот на овој прекршок, на кој му е издаден мандатен платен налог, може да ја плати глобата во рок од осум дена или во рок од 30 дена од истекот на рокот за плаќање на глобата да регистрира негативни бодови според местото на живеење. Ако сторителот доброволно не ја плати глобата  или не регистрира негативни бодови, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и се доставува до надлежниот орган за присилно извршување.

    Утврдување на прекршокот:

      Согласно Законот за прекршоците (Сл.весник на Р.М. бр.124/15), доколку прекршокот е утврден од страна на полициски службеник -лично или со помош на соодветни технички средства, полицискиот службеник составува записник и на сторителот му издава Мандатен платен налог за уплата на предвидената глоба.

     Во случај кога прекршокот не е констатиран од страна на полициски службеник или со помош на соодветни технички средства, пешакот може да поднесе пријава во Полициска станица за што се составува записник за прием на пријава, после која доколку се обезбедат потребните докази, на сторителот на прекршокот ќе му биде издаден Мандатен платен налог согласно наведената процедура.

    Колку прекршоци се регистирани во 2017 година?

    Според евиденциите со кои располага Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа и извештаи во Министерство за внатрешни работи, во текот на 2017 година  не се регистрирани прекршоци по член 124 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    РСБСП со апел до возачите да бидат внимателни и толерантни кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.  Сите ние сме пешаци, а златното правило во животот и во сообраќајот гласи „ Не им го прави на другите тоа што не сакаш другите да ти го направат на тебе“.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Зимски гуми за безбедно возење во зима
    Следна Објава:
    Што ни вреди животот? 19 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS