Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    1. Насловна
    2. РСБСП
    9 јуни 2025

    „Експресен пат” е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување,на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини.

    Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот.

    Покрај сообраќајната лента за движење на возилата, на експресниот пат има и лента за застанување на возилата која е наменета исклучиво за запирање на возилата. На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила.

    Најголемата дозволена брзина е ограничена на 110 километри на час, освен доколку не е поинаку определено со сообраќаен знак.
    Престигнувањето е дозволено исклучиво кога има добра прегледност и има обележана испрекината линија на коловозот.

    Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно Законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места.

    Возачите мора да внимаваат, да држат безбедно растојание и да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Експресниот пат нуди брзина – но, само кога се користи правилно и одговорно.

    Експресниот пат не е автопат и нема посебна сообраќајна лента за престигнување.

    На експресен пат, престигнувањето може да се изврши само кога тоа е дозволено, безбедно – и исклучиво на делови од патот каде е обележано со испрекината линија и доколку не ги попречува возилата кои се движат од спротивната насока.

    Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи” простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење.

    Престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија, е строго забрането и претставува сериозен ризик.

    Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди… и загубени животи.
    Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.
    На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи.

    АЛБ:

    " Безбедност, Возење, Вози Одговорно, Експресен Пат Безбеден Пат, Македонија, Правила, Сообраќај
    Претходна Објава:
    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот
    Следна Објава:
    Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS